1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Садиме дрвја под чии сенки нема да седиме“

01:31

This browser does not support the video element.

Арбнора Мемети
25 април 2024

За да порасне едно дрво, потребни се децении. Шумите кои се уништуваат со пожари или нелегална сеча, долго се обновуваат. Иницијативата „Боренка“ во Македонија собира млади волонтери, кои работат на враќање на зеленилото во кое ќе уживаат некои идни генерации.

Секој корен што се става во изгорената земја е чекор кон враќање на зеленилото. 

Снежана Јанковиќ, координаторка на инцијативата „Боренка“, објаснува:

„Садиме расад, садиме дрвја под чија сенка ние не очекуваме да седиме, бидејќи на едно дрво му требаат 10, 20, 30 години за да порасне.“

Боренка е волонтерска инцијатива за пошумување со потекло од Хрватска, а во Македонија се спроведува од ЈП Национални Шуми и Сојузот на извидници. Таа има едукативен карактер и обединува ученици  од целата држава. За две години, се засадени 70.000 разновидни дрвја на изгорени подрачја. 

„Тоа е убавината на Боренка, бидејќи ги активира младите луѓе од државата да се вклучат во општествено корисни работи и да ја разбудат љубовта кон животната средина, вели Снежана Јанковиќ.

Во големите пожари во 2021 година изгореа 15.000 хектари шуми. Оттогаш значително е намален бројот на опожарени подрачја. Едукацијата и зајакнувањето на институционалните капацитети одиграле своја улога. Валентин Груевски, директор на ЈП Национални шуми, објаснува која е целта што треба да се оствари:

Во големите пожари во 2021 година изгореа 15.000 хектари шуми (фото: шумски пожар кај Кочани, 3.08.2021)Фотографија: Arbnora Memeti

 „Површините од големиот пожар во 2021 година имаат рок две години и ние се обидувавме тоа да го расчистиме и веќе сме при крај. Последните површини ќе ги исчистиме оваа година и вршиме пошумување. Но, тоа не е лесно и не е брзо, бидејќи на едно дрво му е потребен одреден период за растење, што некогаш е можеби половина од животниот век на човекот. Шумата мора да се чува, бидејќи е нашето богатство и е тешко да се надокнади она што ќе се изгуби во пожарите.“
Целта на Национални Шуми е од минатата есен до крајот на пролетва да се засадат околу 1,2 милиони дрвја.
 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми