1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД-Венецуела: Дали Гренланд е следен и што би било со НАТО?

Мари Џослин
6 јануари 2026

По нападот врз Венецуела, повторно расте загриженоста околу аспирациите на Трамп за Гренланд. Секој обид за анексија на островот би значел и крај за НАТО, предупредија експерти, но и премиерката на Данска.

На оваа фотографија објавена од Белата куќа, претседателот на САД Доналд Трамп ги надгледува американските воени операции во Венецуела заедно со секретарот за одбрана Пит Хегсет и директорот на ЦИА Џон Ратклиф (во средината) во Мар-а-Лаго.
Администрацијата на Трамп (на сликата како ја следи воената операција во Венецуела) има и планови за ГренландФотографија: Molly Riley/The White House/AP Photo/dpa/picture alliance

Дали американскиот претседателДоналд Трампповторно „фрли око“ на Гренланд? Штотуку започна 2026 година, Трамп веќе ја нападна Венецуела, го киднапираше нејзиниот спорен лидер Николас Мадуро и ги обнови заканите против неколку други суверени територии - вклучувајќи ја и автономната територија на Данска, Гренланд.

Данска: САД „немаат право да го анектираат“ Гренланд

Загриженоста во Европа се зголеми по неодамнешната објава на Кејти Милер на социјалните мрежи, сопругата на високиот функционер на Белата куќа, Стивен Милер, и интервјуто кое Трамп го даде за весникот „Атлантик“.

Во него, американскиот претседател го повтори своето долгогодишно тврдење: „Апсолутно ни е потребен Гренланд. Ни треба за одбрана“.

Во неделата (4.01), данската премиерка Мете Фредериксен целосно ги отфрли овие изјави. „Апсолутно нема смисла да се зборува за преземање на Гренланд од страна на САД“, рече таа. „Соединетите Американски Држави немаат право да анектираат ниту една од трите земји во Кралството Данска“.

Ова не е првпат Трамп да ја изнесе идејата за анексија на Гренланд. Тој повеќепати нудеше да го купи и не исклучуваше употреба на воена сила. Но, обновената реторика доаѓа во време на зголемени геополитички тензии, поставувајќи го прашањето како би реагирала Европа ако зборовите се претворат во дела.

Гренланд е автономна територија во рамки на Кралството Данска - а Данска е сојузник наСАДвоНАТО.Секој обид за анексија на островот всушност би значел и крај трансатлантскиот сојуз, вели Јакоб Функ Киркегор од Институтот за меѓународна економија Петерсон.

Слично предупредување упати и данската премиерка во понеделникот: „Да бидам сосема јасна: ако САД нападнат друга земја од НАТО, готово е. Тоа значи и со самото НАТО. Тогаш е готово со светскиот поредок што беше воспоставен по завршувањето на Втората светска војна, готово е со демократските правила на игра. Сè се урива ако една земја од НАТО нападне друга.“, рече Фредериксен. 

Кој го поседува Гренланд?

00:57

This browser does not support the video element.

Во јануари 2025 година, една анкета покажа дека мнозинството жители на Гренланд, околу 56 отсто, сакаат независност од Данска. Но, приклучувањето кон САД го поддржува речиси никој - само 6 насто гласале за тоа.

Што сака Трамп во Гренланд?

Трамп го претстави својот интерес како прашање на национална безбедност, тврдејќи дека Гренланд е „опкружен со руски и кинески бродови“.

Тоа тврдење е неточно, изјавија за ДВ Киркегор и Михаел Пол од германската Фондација за наука и политика.

Меѓутоа, Гренланд поседува огромни неискористени природни ресурси, вклучувајќи нафта и ретки метали - слично како Венецуела. Но, Пол тврди дека проблемот оди подалеку од суровините.

„И Гренланд и Данска се отворени за поголемо американско вклучување“, вели тој. „Пред само една година, министерот за рударство на Гренланд напиша во Вашингтон пост дека, без големи американски инвестиции, Гренланд сè повеќе ќе мора да се врти кон други инвеститори, па дури и кон Кина.“

Не станува збор првенствено за воен пристап. Данска веќе го зголеми своето воено присуство околу островот, а САД би можеле да го сторат истото според постојните договори.

„Ако Трамп сака таму повеќе американски војници, нивното испраќање нема да биде проблем“, забележува Киеркегор. „Постои заеднички договор за одбрана меѓу САД и Данска.“

Наместо тоа, Киеркегор смета дека мотивацијата на Трамп изгледа повеќе симболична отколку стратешка.

„Се чини дека тој заклучил дека сака Америка да биде поголема на мапата“, вели тој. „Тоа не е рационално - и тоа е нешто што само Конгресот или Врховниот суд можат да го блокираат.“

Што може да направи ЕУ за да го заштити Гренланд?

Европската Унијадолго време се мачи да најде рамнотежа помеѓу зачувувањето на трансатлантските врски и сопствената стратешка автономија. По последните изјави на Трамп, претставниците на ЕУ изјавија на 5 јануари дека блокот „ги почитува универзалните принципи на национален суверенитет и територијален интегритет, уште повеќе ако е загрозена земја членка“.

Не се најавени конкретни мерки.

„Ако Трамп одлучи да го анектира Гренланд со сила, многу малку може да направи некој на краток рок“, изјави Киеркегор за ДВ. „Тоа важи и за Гренланд, за Данска и за ЕУ.“ 

Засега, дипломатијата останува главна алатка на Европа. Претставниците на ЕУ велат дека не се планирани формални разговори со Вашингтон, но Киеркегор тврди дека најефикасниот канал на Брисел би бил неформална комуникација со Конгресот на САД. Секоја анексија - или поголема воена акција - и натаму ќе бара одобрение од Конгресот.

Киеркегор вели дека европските лидери можат јасно да објаснат што е во игра: колапсот на НАТО, затворањето на американските бази во Европа и потенцијални санкции врз американските компании кои работат во ЕУ.

Дали Венецуела е предупредувачки сигнал?

Настаните во Венецуела нудат две лекции. Прво, администрацијата на Трамп не го информираше Конгресот однапред за својата операција против Мадуро - потег што критичарите го сметаат за тестирање на границите на претседателската моќ. Второ, ЕУ повторно реагираше претпазливо, повикувајќи на почитување на меѓународното право, а воедно не го осуди својот најважен сојузник.

Случајот со Венецуела потенцира колку непредвидлив може да биде американскиот претседател. Додека почнува 2026 година, европските лидери се подготвуваат за тешка година - година во која нивното трансатлантско балансирање може да стане уште потешко за одржување.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми