1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТехникаГерманија

Индустријата работи во метаверзумот

Кристи Пледсон
20 април 2023

Користејќи виртуелна реалност и технологијата „дигитален близнак“, индустриските компании почнуваат да се насочуваат кон таканаречениот метаверзум за да ја зголемат продуктивноста.

Deutschland Hannover Messe
Фотографија: Julian Stratenschulte/dpa/picture alliance

Неколку недели во 2021 година, за тоа сите зборува: Фејсбук соопшти дека го менува своето име во Мета, потег кој требаше да го одрази насочувањето на компанијата од социјалните мрежи кон метаверзум. Неколку олеми потрошувачки брендови се вклучија во тоа, лансирајќи свои виртуелни продавници и производи кои клиентите можеа да ги разгледуваат во виртуелениот свет, сето тоа од удобноста на нивните домови користејќи очила за виртуелна реалност и со свои персонализирани аватари.

Помалку од две години подоцна, десетици публикации објавија дека метаверзумот е мртов. И има неколку причини да се мисли така. Некои го обвинуваат падот на вредноста на криптовалутите и на НФТ, кои се позиционираа како клучна компонента на метаверзумот. Други велат дека тоа е затоа што генеративната вештачка интелигенција, технологијата зад четботовитекако Чет ГПТ, сега го украла вниманието на технолошката индустрија. Многумина, пак, ја мразеа идејата да започнат со тоа.

Но, во еден сектор, метаверзумот тивко напредува. Индустриското производство ги гледа апликациите за технологија и „индустрискиот метаверзум“ како главна тема на агендата на годинешниот Саем во Хановер, еден од најголемите светски индустриски саеми. Иако, не сите присутни се согласуваат или знаат што е тоа. 

Фабричката хала се префрла на метаверзумот

Целта на метаверзумот е поврзување на физичкиот свет со виртуелниот свет, вели Себастијан Клос, менаџер на одделот за потрошувачки технологии во Битком, здружение на Германскиот ИТ-сектор  и телекомуникации во панел дискусијата за концептот, еден од неколкуте кои се случуваат на саемот.

Технологиите за автоматизација се изложени на саемот во ХановерФотографија: Rainer Jensen/Deutsche Messe

На саемот се изложени многу технологии кои користат слушалки за виртуелна реалност, паметни очила и ракавици со сензори кои дозволуваат да се гледа и да се работи виртуелно или од далечина, и технологија за ласерско скенирање која се користи за создавање дигитални копии на физички објекти, познато како дигитален близнак, што е клучна компонента на индустрискиот метаверзум. Предметот може да биде автомобил, мала компонента или дури и цела фабрика.

„Тоа ќе значи помалку летови, помалку патувања, поголема одржливост, производството на прототипови е оптимизирано“, изјави за ДВ, вработен на штандот на Игус, компанија за пластика која работи во областа на 3Д печатење и автоматизација. „Не ви требаат толку многу прототипови бидејќи тоа можете да го направите со дигитални близнаци“.

„Дигиталните близнаци“ ги минимизираат трошоците и ризикот

Дигиталниот близнак има неколку предности. Компаниите можат да тестираат како функционира опремата во виртуелен простор и да ги откријат потенцијалните проблеми без да произведуваат неисправни прототипови или да ја оштетат опремата во реалниот живот. Тие можат вештачки да го забрзаат работниот тек и да видат како би изгледал производствениот процес на долг рок или виртуелно да го зголемат бројот на машини за да видат како тоа би функционирало пред да инвестираат во куп нови машини.

Камерите и ВР- технологијата се други компоненти на метаверзумот, за кои индустриските играчи се надеваат дека ќе го подигнат далечинското работење на следното ниво. Така на пример платформите за нафта и гасоводите лоцирани на оддалечени места би можеле лесно да се поврзат со експерти кои работат од сосема друго место. 

„Можеби нема експерти на локацијата, бидејќи постројките не се многу големи“, рече во дискусијата Томас Кун, менаџер на одделот за вградени системи во Институтот за експериментално софтверско инженерство Фраунхофер во Германија. Тие би можеле да бидат лоцирани насекаде во светот и потоа можеме да ги поврземе [користејќи метаверзум технологија] преку сервисен техничар на локацијата. Ваков случај на пример на технологијата можам многу, многу добро да  замислам во овој момент“.

Транспортен робот кој ве следи во чекор

01:00

This browser does not support the video element.

Симулации како доказ за концептот

На штандот на Игус, репортерот на ДВ со ВР-хедсет и контролери тестира симулација при која пет минути проведува на виртуелна нафтена платфорам во инсталирање на резервни делови. Симулацијата покажува каков би бил процесот на инсталација, објаснува претставникот на Игус, за да може претходно да се види какви проблеми може да настанат. Дали делот резервниот дел одговара? Дали работникот може да пристапи до локацијата?

Ваквите симулации постојат веќе некое време, а многу од нив визуелно сè уште не се лесни за очи. Но, она што е различно за индустрискиот метаверзум е примената во индустриското производство и оти овие симулации сега се наменети точно да соодветствуваат на физичката реалност.

Учесниците на саемот во Хановер се поделени околу поврзувањето на овој концепт со наводно неуспешниот метаверзум на Марк Закерберг, за кој еден од присутните негодува дека само Фејсбук го капитализира трендот што веќе се развивал некое време. Друг вели дека можеби е повеќе збунувачки отколку корисно. А други пак не се премногу загрижени.

„Тоа е едноставно развој. Тоа се технологии кои се здружуваат сега“, вели Клос од Битком за ДВ по панел дискусијата. „И можеби ќе го наречеме некако сосема поинаку за 10 или 15 години. Исто како што никој повеќе не го нарекува интернетот „информациски суперавтопат“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми