1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сали: Нема пријавено случаи на мајмунски сипаници во земјата

ДТЗ
29 јули 2022

Институтот за јавно здравје располага со тестови кои се валидни и релевантни за дијагностицирање на таквиот вирус, вели министерот за здравство.

Affenpocken Impfstoff
Фотографија: DADO RUVIC/REUTERS

Во Северна Македонија досега нема забележан случај на мајмунски сипаници. Министерот за здравство, Беким Сали, уверува дека здравствениот систем е подготвен - ќе има и тестови и вакцини доколку се појави вирусот, кој веќе создава главобопки во Европа. 

„Институтот за јавно здравје располага со тестови кои се валидни и релевантни за дијагностицирање на таквиот вирус. Според државниот координатор за вакцинација, ќе имаме на располагање вакцини доколку се појави таков случај“, вели министерот за здравство.

На оваа тема расправа и Комисијата за заразни болести.

Во Европа до 26 јули се регистрирани 13.043 случаи на мајмунски сипаници во 37 различни земји. Во соседна Грција до денеска се потврдени вкупно 32 случаи на мајмунски сипаници. Европската комисија пред некој ден ја одобри вакцината Имванекс за употреба против вирусот на мајмунска сипаница во Европската Унија.

Мајмунските сипаници сe манифестираат клинички типично, со треска, осип и отечени лимфни јазли и може да доведе до низа медицински компликации.Фотографија: CDC/Getty Images

Симптоми

Вирусот на мајмунски сипаници постои половина век. Сите земји имаат проблем да обезбедат квалитетен третман и дијагностицирање. Симптомите на оваа болест се промена на кожата, меурчиња, висока температура, болки во мускулите, омалаксаност.

Станува збор за вирусна зоонозна болест која се јавува првенствено во областите на тропските прашуми во Централна и Западна Африка и повремено се пренесува во други региони. Мајмунските сипаници сe манифестираат клинички типично, со треска, осип и отечени лимфни јазли и може да доведе до низа медицински компликации. Симптомите траат од 2 до 4 недели. Може да се манифестираат и со тешка клиничка форма. Во последно време, смртноста е околу 3-6%. Мајмунските сипаници се пренесуваат на луѓето преку близок контакт со заразено лице или животно или со предмети контаминирани со вирусот.

Вакцините користени за време на програмата за искоренување на големите сипаници, обезбедуваат заштита и од мајмунски сипаници. Развиени се и понови вакцини, од кои една е одобрена за превенција од мајмунските сипаници.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми