1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит на ЕУ и Западен Балкан

агенции | ЕМФ
18 декември 2024

Во Брисел денеска се одржува самит на ЕУ и државите од Западен Балкан. Антониот Кошта, новиот претседавач со Советот на ЕУ, пред самитот се заложи за „нова ера на доверба“.

знамиња западен балкан
Фотографија: Getty Images/AFP/T. Schwarz

Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ денеска (18.12.) во Брисел се среќаваат со своите колеги од државите од Западен Балкан. Тема на самитот се прашања поврзани со европската перспектива на Северна Македонија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора. ЕУ во основа сака да ги врзе потесно со себе шесте балкански држави и да ги охрабри за натамошни реформи.

Состанокот ќе даде можност да се интензивира новата динамика за стратешко партнерство меѓу Европската Унија и Западен Балкан, се вели од Унијата пред самитот и се додава дека теми за разговор ќе бидат и соработката во управувањето со миграцијата и во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

По состанокот со претставниците од Западен Балкан, според информации на германската агенција ДПА, канцеларот Олаф Шолц и уште неколку шефови на држави или влади сакаат да присуствуваат на разговорите меѓу генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во четврток (19.12.) шефовите на држави или влади на членките на ЕУ ќе се сретнат на последниот редовен самит на Унијата годинава. Зеленски е поканет да присуствува како гостин.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми