Самит на Европската политичка заедница во Копенхаген
2 октомври 2025
Шефовите на држави или влади од 47 европски земји денеска се собираат на самит во Копенхаген, на кој треба првенствено да се разговара за поддржа за Украина и подобрување на општата безбедносна состојба во Европа. Ќе се дискутираат и прашања за економската безбедност и миграцијата.
Се очекува на состанокот да присуствува и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Средбата, чиј домаќин е данската премиерка Мете Фредериксен, традиционално нуди и простор за билатерални разговори.
Европската политичка заедница беше основана по руската инвазија на Украина во 2022 година и има за цел да ја нагласи изолацијата на Русија. Таа ги вклучува 27-те земји-членки на ЕУ и 20 партнерски држави, меѓу кои и Северна Македонија. Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова треба да се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани“, со којашто ќе претседаваат францускиот претседател Емануел Макрон и албанскиот премиер Еди Рама.