1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаГлобално

Ќе има ли заедничка валута на БРИКС?

Себастијан Шрајбер
23 август 2023

Државите од БРИКС во голема мера тргуваат со доларот, но истовремено сакаат да станат помалку зависни од него. Се размислува за воведување сопствена валута. Дали е тоа реалистично сценарио?

Самит на БРИКС Јоханесбург Јужноафриканска Република
Самит на БРИКС во Јоханесбург, Јужноафриканска РепубликаФотографија: Jerome Delay/AP Photo/picture alliance

Колку реално може да се очекува сопствена водечка валута на државите од БРИКС? Патот до таму е долг. Економисти нагласуваат дека дури и членките Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка да се одлучат за тоа, сепак ќе биде потребно многу време за валутата и де факто да се воведе. Имплементацијата на еврото покажа колку е комплексно да се поврзат повеќе држави со свои валути во една заедничка - и не само заради очекувањата и проблемите кои секоја земја ги има. 

Во случајот со БРИКС, разликите меѓу членките се чинат уште поголеми отколку во Еврозоната, а територијалната дистанца е дополнителен фактор.

Засега заедничка валута е само начелна идеја, а нејасно е и што би се случило тогаш со досегашните валути.

Аналитичарите не очекуваат дека на самитот на БРИКС кој се одржува во јужноафриканската метропола Јоханесбург, ќе бидат претставени конкретни планови. Сепак, БРИКС барем може да се пофали со сопствената т.н. „Нова банка за развој”,која теориски би можела да биде задолжена за изготвување и воведување на новата валута. 

Дали БРИКС - валута би го заслабнала доларот?

Воведувањето на таква валута само по себе не би било доволно за да ја намали вредноста на доларот. Клучно според аналитичарите ќе биде дали новата валута ќе се наметне во голема мера и дали ќе се покаже како стабилна.Земјите од БРИКСво секој случај имаат голема економска моќ и актуелно придонесуваат за една четвртина од светската економија. 

Американскиот долар засега останува неприкосновен како водечка валутаФотографија: Andy Jacobsohn/AFP/Getty Images

Се размислува и за проширување на Алијансата во формат „БРИКС плус”, а во таков случај би имало и дополнителен пораст на економскиот потенцијал, но истовремено би можело да биде и покомпликувано воведувањето на новата валута.

Американскиот државен секретар за финансии Џенет Јелен, не е вознемирена од таквите планови и во догледна иднина не гледа алтернатива за американскиот долар. 

Какви последици би имало по цената на златото? 

Вредна валута која се врзува за злато, би можела да ја зголеми побарувачката за драгоцениот метал затоа што и централните банки би морале да набават златни резерви. Тоа би можело да ја зголеми цената на златото и интересот за него како начин на обезбедување, што потсетува на времињата кога имаше стабилни курсеви на националните валути изразени во злато. 

Но, таквиот систем е минато со децении. Од тогаш цената на златото варира во зависност од валутата и е зависна и од многу други фактори. Тоа веројатно не би се сменило ниту со воведување валута на БРИКС обезбедена со златни резерви. 

Која е улогата на Русија?

Тоа што Русија би била дел од сето, за останатите членки е деликатно прашање, бидејќи заедничка валута на Западот би му сигнализирала сојузништво со државата која започна војна во Украина. Тоа пак за Русија би било успех, затоа што пред сѐ Москва има интерес да се намали зависноста од доларот. 

Од друга страна, членките на БРИКС и натаму имаат интерес на трговска размена со Западот, што досега во најголем дел се одвива во долари.

Проширување на алијансата БРИКС може да помогне за намалување на таквата економска зависност, исто како и за сѐ поголема еманципација од доларот. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми