1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Алијансата има лидерски проблем

Хелга Шмит | АРД
12 јули 2024

НАТО не може да си дозволи врховен командант кој не ги поседува целосно неговите интелектуални способности. Џо Бајден го пропушти времето за достоинствено збогување. Ни Европејците не оставија силен впечаток на самитот.

Три долги дена на самитот на НАТО во Вашингтон беа фокусирани на менталната подготвеност на претседателот на САД, Џо Бајден
Три долги дена на самитот на НАТО во Вашингтон беа фокусирани на менталната спрема на претседателот на САД, Џо БајденФотографија: REUTERS

На јубилејниот самит во Вашингтон немаше вистинско славеничко расположение. Ова се должи на лидерскиот кадар на Алијансата на чело со Џо Бајден. Три долги дена на самитот беа фокусирани на неговата ментална подготвеност. Нагаѓањето беше преокупација на дипломатите и новинарите, кои се прашуваа дали ќе може сам да се качува по скалите и кога ќе дојде неговата следна блокада пред микрофонот.

Тој дојде. Бајден сакаше со голема помпа да го најави украинскиот претседател Володимир Зеленски, но го немаше неговото име напишано при рака. Што сепак може да се прости.

Но, тогаш тој Зеленски го нарече Владимир Путин. Да, навистина. Бајден рече дека Путин е претседател на земјата, која е бомбардирана од Путин повеќе од две години.

И тоа веќе не може да се прости. НАТО не може да си дозволи врховен командант кој не ги поседува целосно своите интелектуални способности.

Гаф на Џо Бајден (десно): Претседателот на САД го именуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски (десно) како Владимир ПутинФотографија: Susan Walsh/AP Photo/picture alliance

Бајден го пропушти вистинското момент за достоинствено збогување и со тоа го загрозува сопственото наследство. Она што ќе се памети нема да бидат неговите трансатлантски достигнувања, она што ќе се памети ќе биде неговиот старечки инает.

Не блескаа ниту Европејците

Ова не е само лична трагедија, ова е и политичка катастрофа. Затоа што безбедноста на Европа зависи и од исходот на американските претседателски избори. Ако сето ова му отиде во прилог на Доналд Трамп, тогаш Европејците повеќе нема да можат да се потпрат на помошта на Вашингтон, доколку Путин ги придвижи руските тенкови кон Европа.

За жал, ниту Европејците не оставија силен впечаток на самитот во Вашингтон. Емануел Макрон, Џорџа Мелони и Педро Санчез - лидерите на Франција, Италија и Шпанија го негуваа убавиот привид на одамна поминатата национална величина. Но, кога станува збор за помошта за Украина и конкретните мерки против руската експанзија, тие претежно беа резервирани.

Една убава вест од самитот

Но, има и една добра вест од самитот во Вашингтон: германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е подготвен да преземе лидерство во оваа тешка ситуација. Доволно изненадувачки, но Шолц вчера го кажа тоа сосема отворено и, за негови стандарди, невообичаено јасно и прецизно.

Канцеларот исто така јасно стави до знаење кои се неговите цели. Прво и основно, зајакнување на европскиот столб во НАТО - тоа е важно и неопходно. И второ, поправедна распределба на товарот меѓу Европејците. Германија не може сама да го сноси товарот, правилно порача Шолц.

Фотографија: Jakub Porzycki/NurPhoto/picture alliance

Сите мора да го дадат својот придонес за безбедноста на континентот, идеално согласно нивната економска сила. Ова функционира сосема добро во ЕУ, зошто да не и во НАТО?

Тешко е да се признае дека Доналд Трамп е во право, но тој го постави вистинското прашање: Зошто американските даночни обврзници да трошат повеќе за безбедноста на Европа отколку европските даночни обврзници? Нема причина за тоа. И бидејќи трошоците за безбедноста на Европа драстично ќе се зголемат во наредните години, од клучно значење ќе биде товарот да се распредели правично. На сите земји од Европската Унија, без разлика колку се оддалечени од руската граница.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми