Самит за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес
22 октомври 2025
Шефовите на држави или влади на ЕУ и Велика Британија денеска во Лондон се среќаваат со колегите од Западен Балкан во рамки на таканаречениот Берлински процес. Берлинскиот процес е приказна за успех, „која ја продолжува и германската влада под канцеларот Мерц. Со тоа, Сојузната влада го нагласува својот ангажман кон Западен Балкан како стратешки важен регион во Европа“, стои во соопштението на германската влада пред самитот.
Германија го започна Берлинскиот процес во 2014 година за да ја интензивира регионалната соработка на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Тој опфаќа области како што се консолидирање на владеењето на правото, економскиот развој, образованието и науката и дијалогот во граѓанското општество.
Европската унија им вети на земјите од Западен Балкан пристапување во 2003 година и повика на реформи во земјите за да се постигне тоа. Државите се во различни фази од процесот. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул неодамна на конференција за Западен Балкан во главниот град на Северна Ирска, Белфаст, повика на продолжување со процесот, кој е во застој со години.