1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Само казни ќе го спасат Охридското Езеро

ДТЗ
18 ноември 2022

„Засега тешко ја добиваме битката со несовесноста и алчноста на поединци“, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која е загрижена за заштитата на светското културно наследство.

Охрид
Охрид е жртва на непланска и неконтролирана урбанизацијаФотографија: Daniela Trpcevska Zafirovska

Охридскиот регион доби „втора шанса“ да се справи со дивоградбите и загадувачите на езерото, но изминатиот период не направи значителни чекори за да ја избегне опасноста да биде ставен на листа на загрозени подрачја. Долгата листа на обврски од УНЕСКО бавно се спроведува, а невладините организации и граѓаните посочуваат дека сѐ уште владее градежен хаос на крајбрежјето, во чиј прилог не одат ниту новите законски решенија за градба. 

„Можеме да констатираме дека и покрај преземените активности, нашата заедничка акција како да го нема задоволителниот интензитет во справувањето со причините и со причинителите кои го загрозуваат Охридскиот регион, впишан во Листата на УНЕСКО како реткост од светско значење. Мораме итно и сите да дејствуваме“, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Таа на меѓународниот форум „50 години Конвенција за светско наследство на УНЕСКО“ во „Јуроп хаус“, како претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, ја пренесе загриженоста дека засега тешко се добива битката со несовесноста и алчноста на поединци, како и на крадците и вандалите кои ги уништуваат спомениците, и дивите копачи кои ги сквернават локалитетите. 

Спасот е во казните 

„Ако секој локалитет претставува неотуѓив дел од светот, тогаш, навистина, и секој загрозен локалитет претставува загуба за сите“, вели Костадиновска-Стојчевска. Според министерката, туризмот е голем пријател на економијата и на локалното население, но не смееме да се дозволи тој да биде закана за културното и за природното наследство. 

Уривање на нелегални градби на брегот на Охридското езеро, јуни 2021Фотографија: Daniela Trpcevska/DW

„Особено не за Охрид и за Струга, и не за Галичица и за Дебрца. Во отсуство на свест и совест дека и овие богатства се нашиот идентитет и дека културното наследство нè легитимира во европски и во светски контекст, мојот поглед е вперен во домашната казнена политика како спас и во нејзината бескомпромисна и доследна примена“, вели министерката.

Центарот за светско наследство на УНЕСКО во мај минатата година на 125 страници детално ги посочи сите неправилности околу грижата и заштитата на Охридското Езеро и во Северна Македонија и во Албанија. Во извештајот се бараше забрзано спроведување на десетици препораки упатени до властите во двете земји, уривање на веќе изградените дивоградби и безусловно почитување на мораториумот за градба на крајбрежјето. Како резултат на континуирана деградација на културното и природното наследство на регионот, во него беше упатена и закана дека охридскиот регион лесно може да се најде на листата на светско наследство во опасност.  

Еколошките организации укажуваат на низа неправилности во урбанизацијата и заштитата на Охридското ЕзероФотографија: Daniela Trpcevska Zafirovska

Роковите течат - неправилности се таложат 

Пред 50 години е усвоена Конвенцијата за заштита на Светското културно и природно наследство на УНЕСКО. По повод овој јубилеј, Фронт 21/42 сподели податоци за една од клучните препораки на УНЕСКО за стопирање на урбанизација во Охридскиот регион, а кои државата треба да ги исполни во дополнителниот период од две години даден од август 2021 година. Иако роковите одминуваат, невладините организации укажуваат на низа неправилности во урбанизацијата и заштитата на Охридското Езеро. 

„Од август досега се преземени чекори кон 53 нови урбанизации во Охрид и Струга, 388 одлуки за легализација во Охрид, а 12 во Струга. Вкупен број на дозволи за градба во двата града 213 и нови 580 изградени станови. Доколку државата продолжи со овој третман и меѓународната заедница не се вклучи поактивно во заштитата на Охридскиот регион, со сигурност можеме да кажеме дека ќе го изгубиме нашето единствено светско природно и културно наследство“, посочуваат од невладината организација. 

Активностите кои се преземаат во насока на заштита на Охридскиот регион се сосема површни, Охрид е жртва на непланска и неконтролирана урбанизација, се туркаат урбанистички планови и се издаваат одобренија за градба кои не се во согласност со планот за управување. Општините скоро три години од стапувањето во сила на Планот за управување, ги немаат усогласено и туркаат стари постапки во колизија со овој план, како во случајот со ресторан „Парк“ и други, укажуваат и од здружението Охрид СОС. 

Тие критикуваат дека железните костури на платформите се оставени да ‘рѓосуваат во езеро (во старото градско јадро и Куба Либре, Кадмо, Бела Виста), а оставени се и ѕиданите подлоги (Канео, Потпеш), на струшкото крајбрежје беше отстранета само една платформа, нелегалните градби за кои има решение за отстранување, не се рушат, а место тоа се легализираат градби во НП Галичица и во крајбрежјето без направена оцена за влијанието врз природното и културното наследство и без обезбедени мислења од МЖСПП за сите (особено не за Автокамп Андон Дуков за кој апетитите се многу големи). 

Еколошките здруженија го нотираат тоа што е видливо и за голо око - дека нелегалната градба продолжува непречено, па само во Охрид во 2021 година, според податоците од  Државниот завод за статистика, се евидентирани 70, а во Струга 34 дивоградби од кои 40%, односно 59% отпаѓаат на домување, комерцијални згради и до/надградби.

Тие забележуваат и дека Општина Охрид отуѓува државно земјиште на непостоечка индустриска зона Мауцкер, не се отстранува тампонирањето во езеро во Далјан за кој узурпаторите заработија кривична пријава, чистењето на канализациската мрежа (примарна канализација), не се спроведе како што беше најавувано, цевката со непознато потекло во Мазија која испушта фекалии (вода од V-класа) директно кај Студенчишкиот канал не се санира, ниту има санкции за нефункционалната пречистителна станица во Св. Наум, која е вон функција пет години.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми