1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаЈапонија

Санае Такаичи - прва премиерка во историјата на Јапонија

ЕМФ | агенции
21 октомври 2025

Конзервативната политичарка Санае Такаичи е избрана во јапонскиот парламент за нова премиерка. Тоа за јапонската политика значи вртење кон десно.

 Жена со палто и ѓердан од бисери (лидерката на ЛДП, Санае Такаичи), за време на коалициските разговори во Токио
Санае Такаичи, лидерка на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП), е избрана за прва жена премиер на ЈапонијаФотографија: Kim Kyung-Hoon/REUTERS

Долниот дом на јапонскиот парламент ја избра Санае Такаичи, лидерка на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП), за прва жена премиер во земјата.

Поранешната министерка за внатрешни работи на Јапонија, Санае Такаичи, важи за човек од доверба на поранешниот премиер Шинзо Абе и со нејзиниот избор јапонската политика врти јасно кон десно. Такаичи застапува лабава фискална политика. Освен тоа, таа бара промена на пацифистичкиот повоен устав на Јапонија за да се одговори на растечкото значење на армијата. Лидерката на ЛДП редовно го посетува контроверзното светилиште Јасукуни, во кое им се оддава почит на Јапонците загинати во војната - вклучително и погубените воени злосторници. Затоа, светилиштето во некои соседни земји се смета за симбол на поранешниот милитаризам на земјата. Такаичи зазема и построг став во врска со имиграциската политика.

64-годишната премиерка го наследува релативно либералниот Шигеру Ишиба, кој поднесе оставка по серија изборни порази на својата Либерално-демократска партија (ЛДП).

Такаичи го должи својот избор на новиот партнер на ЛДП, конзервативно-неолибералната партија Ишин. Опозицискиот табор не можеше да се договори за заеднички кандидат. Но, со оглед на тоа што ЛДП, како најголема партија, дури и во коалиција со Ишин за малку не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство, Јапонија и натаму ќе има малцинска влада.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми