1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Стил на животЕвропа

Бесплатно со воз 30 дена во Европа

5 октомври 2023

Ако сте родени во 2005 година, тогаш ова е за вас: ЕУ доделува 38.000 билети за патување со воз низ Европа во периодот од 1 март 2024 година до 31 мај 2025 година. Апликациите се прифаќаат до 18 октомври.

патување млади
Патување со воз низ Европа - шанса за младите Фотографија: Patrick Seeger/dpa/picture alliance

Шансата да се патува со воз низ Европа - за многумина е олицетворение на слободата: 36.000 млади Европејци повторно имаат шанса да освојат бесплатен билет за патување со воз низ целиот континент.

И за младите надвор од ЕУ

Европската комисија го објави почетокот на следната рунда на програмата за патување „DiscoverEU“ , во која можат да учествуваат граѓаните на земјите од ЕУ, како и Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Турција и Србија.

Младите можат да аплицираат за влезници до 18 октомври до 12 часот, соопшти Комисијата во Брисел.

Победниците можат да патуваат низ Европа до 30 дена помеѓу 1 март 2024 и 31 мај 2025 година.Фотографија: picture alliance / pressefoto_korb

Кој сака да освои бесплатен билет, прво мора да го покаже своето знаење во краток квиз. Победниците можат да патуваат низ Европа до 30 дена помеѓу 1 март 2024 и 31 мај 2025 година.

Подарок за 18. роденден

Програмата е наменета за млади на возраст од 18 години. Поточно, може да учествуваат сите родени од 1 јануари до 31 декември 2005 година. Учесниците со попреченост или здравствени проблеми можат да донесат придружба.

Иницијативата „DiscoverEU“ започна во 2018 година и беше замисла на активистите Винсент-Имануел Хер и Мартин Шпер. Нивниот предлог на граѓаните на ЕУ да им се поклони возен билет за нивниот 18-ти роденден и на овој начин да се запознаат со континентот, наиде на голема поддршка и кај политичарите и во општеството.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми