1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ бара анкетна комисија за трагедијата во Кочани

18 ноември 2025

СДСМ поднесе иницијатива за анкетна комисија за трагедијата во ‘Пулс’. Апасиев најави седница, а судењето за Кочани почнува утре

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче во Собрание.22.07.2024
Иницијативата на СДСМ и Коалицијата пред СобраниетоФотографија: Petr Stojanovski/DW

Пратениците на СДСМ и Коалицијата поднесоа предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во дискотеката „Пулс“. Предлогот следи по протестот во Скопје, каде семејствата на загинатите побараа независна истрага, со цел да излезе вистината на виделина.

Филипче: Потребна е независна истрага

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ги повика пратениците да ја поддржат иницијативата.
„Оценивме дека овие чекори се неопходни за проверка на постапувањето на институциите, утврдување на политичка одговорност и подготовка на мерки за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат“, вели Филипче.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во изјава за медиумите рече дека ги прифаќаат барањата за надзорна расправа и Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, но да биде проширена и со другите трагедии.

„Во Собранието треба да се постават прашања и за модуларната клиника, за Дурмо турс и за сите оние трагедии коишто го снајдоа овој народ“, рече Стојаноски.

Апасиев најавува седница за трагедијата во Кочани

Димитар Апасиев од Левица, претседател на Постојаната анкетна комисија, најави дека следната недела ќе закаже посебна седница за трагедијата во Кочани. На седницата ќе се разгледува претставката од „Здружението 16-ти Март“, а ќе бидат поканети и претставници на родителите.

Детали за судењето во Идризово

Во пожарот на 16 март загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Судењето за трагедијата почнува утре во КПУ Идризово. Обвинителниот акт опфаќа 35 физички лица и три правни субјекти, меѓу кои поранешни министри, градоначалници, директори и инспектори.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми