1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барање за одговорност и интерпелација за Африм Гаши

ДТЗ
6 август 2024

СДСМ ќе му даде поддршка на премиерот ако одлучи да го смени претседателот на Собранието, по инцидентот на скопскиот аеродром со претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Африм Гаши
Барање за одговорност и интерпелација за Африм Гаши Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Опозициските партии бараат политичка одговорност од претседателот на Собранието, Африм Гаши, по инцидентот којшто се случи на скопскиот аеродром со претседателката на Косово, Вјоса Османи, а во којшто учествувал и припадник од обезбедувањето на Гаши. Откако полицијата поднесе пријава и покрена дисциплинска постапка против началникот задолжен за обезбедување на собранискиот спикер, СДСМ порача дека мора да има одговорност и за Африм Гаши. Партијата Левица, пак, во парламентот поднесе интерпелација за неговата работа, бидејќи смета дека „воведува непринципиелни политики во Собранието“.

СДСМ: Обвинителството да покрене постапка

Опозициската СДСМ бара премиерот Христијан Мицкоски да го смени Гаши од претседател на Собранието, за што СДСМ ќе му даде поддршка. „Го повикуваме обвинителството да покрене постапка, а Мицкоски да излезе во јавноста и да побара од Гаши политичка одговорност. Овој случај не може да се смета за затворен додека сите инволвирани во него не понесат одговорност. Институциите се должни итно да започнат постапки“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Партијата смета дека за целосно расчистување на скандалот мора да има одговорност за коалицискиот партнер на Мицкоски, Африм Гаши. Полицијата во понеделникот (05.08) информираше дека обезбедувачот „бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание“ и дека „санкциите кон обезбедувачот и другите вработени во МВР, дел од обезбедувањето на Гаши се поради извршување незаконска наредба“.

„Со ова се потврдува одговорноста кај Гаши дури и од страна на МВР. Прашуваме, зошто ништо не е преземено досега? Дали Мицкоски ќе излезе јавно да побара од него одговорност? Дали МВР ќе покрене постапка? Или решија да го пуштат низ вода обезбедувачот, на сметка да го заштитат нарачателот?, прашуваат од СДСМ.

Левица поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието ,Африм Гаши, поради тоа што „воведува непринципиелни политики во Собранието“.Фотографија: Petr Stojanovski

Интерпелација заснована на седум точки

Пратеничката група на Левица поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието, Африм Гаши, поради тоа што „воведува непринципиелни политики во Собранието“.

Заснована е на седум точки,  образложени на десет страници. Претседателот на Левица Димитар Апасиев на прес-конференција рече дека  очекува претседателот на Собранието, Гаши, да ја стави на дневен ред на седница по летниот одмор. 

Првите две точки се однесуваат на повреда на секуларноста на државата со групната молитва во Собранието што ја направил Гаши и повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП-личности со инцидентот на Скопскиот аеродром пред пет дена во кој учествуваше шефот на обезбедувањето на Гаши. 

Тој очекува пратениците да ја изгласаат нивната интерпелација за работата на Гаши со тоа што би го повикале на политичка одговорност. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми