1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ не отстапува: Техничката влада мора да остане

15 јануари 2026

СДСМ одбива укинување на техничката влада. Врвот на партијата бара реформи и европски стандарди пред промени.

Конгрес на СДСМ 09.06.2024
СДСМ не попушта за техничката владаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Техничката влада мора да остане – во моментов нема услови за нејзино укинување. Ова е ставот на опозициската СДСМ по предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за компромисно решение околу ова прашање.

На лидерската средба во Клубот на пратеници во Скопје, пет партии дадоа зелено светло за укинување на техничката влада. Премиерот Мицкоски топката ја префрли кај лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој не учествуваше на средбата, барајќи компромис. Неговиот предлог е на наредните избори да остане сегашниот модел, а во следниот изборен циклус да се укине техничката влада, воведена во 2016 година.

Без реформи нема укинување на техничката влада, вели лидерот на СДСМ, Венко ФилипчеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Филипче: Без реформи нема укинување на техничката влада

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека власта брза кон избори поради финансиски проблеми. Според него, укинувањето на техничката влада може да се случи само кога општеството ќе биде зрело за тоа.

„Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер избори не се прашања за политички пазар. Затоа неопходни се реформи по европски стандарди, особено во правосудството“, порача Филипче.

Тренчевска: Нема зрелост за укинување на моделот

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, истакна дека државата нема демократски капацитет за укинување на техничката влада. Таа предупреди дека не може селективно да се одлучува – за едни избори да постои, а за други да се укине.

„Институциите не се демократски зрели. Тоа се виде и на локалните избори во 2025 година, каде што имаше притисоци преку МВР и Министерството за социјална политика“, рече Тренчевска на дебата во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на учествуваше на лидерската средбаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Слични пораки од партијата упатија и денеска на прес-конференција во седиштето на СДСМ во Скопје. „Пржинската или техничката влада е и ќе биде основен услов за одржување демократски и нормални избори бидејќи во Македонија услови за тоа нема“, велат од партијата. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми