1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со законски измени ќе се зауздаат платите на функционерите

ДТЗ
23 февруари 2024

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вели дека е пронајдено уставно издржано решение за платите. Партијата ќе поднесе измени на сите закони со кои се регулираат платите на функционерите

Димитар Ковачевски
Со законски измени ќе се зауза растот на платите на функционеритеФотографија: Government of North Macedonia

Десет месеци по одлуката на Уставниот суд со која се отвори простор за зголемување на функционерските плати за 78 проценти, се уште не се изнајде решение како тие да се намалат. Незадоволството во јавноста е огромно, особено по најавите дека со зголемувањето на просечната плата, приходите на функционерите би се зголемиле уште повеќе. Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски уверува дека до тоа нема да дојде. Најавува законски измени со коишто ќе се зауза растот на платите на функционерите. 

Законски измени  

Пратеничката група на СДСМ планира да поднесе измени на сите закони со кои се регулираат платите на функционерите со цел нивните плати да не пораснат. Лидерот на партијата, Димитар Ковачевски, вели дека е пронајдено уставно издржано решение за платите. 

„Најдовме уставно издржано решение со кое нема да пораснат платите на функционерите со новото ниво на просечната плата. Со ова решение постоечките коефициенти ќе бидат намалени со што платите на сите избрани и именувани лица нема да пораснат“, изјави Ковачевски при денешната посета на Тетово. 

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вели дека е пронајдено уставно издржано решение за платите. Партијата ќе поднесе измени на сите закони со кои се регулираат платите на функционеритеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Со одлука на Уставниот суд, во мај минатата година платите на над 2.000 функционерите се зголемија за 78 отсто. Тоа предизвика бран незадоволство, протести и барања за корекција на високите плати на функционерите. Владата формираше работна група која требаше да изнајде решение. Најавите беа дека се потребни измени на седум законски решенија за да се намалат или да останат на исто ниво приходите на функционерите. 

Полемика околу апанажите 

Поранешниот премиер се најде во фокусот на вниманието деновиве и откако беше обелоденето дека му е одобрена апанажа од околу 2.500 евра месечно во период од една година. Тој денеска изјави дека прашањето на апанажата е нешто што не може да се коментира, бидејќи е законско решение. Вели дека се лага обвинувањата од опозицијата дека има свои бизниси и фирми.

„Сметам дека сите треба да ги почитуваат законите и токму како резултат на такви закони коишто се почитуваат имаме зголемување и на минималната плата за огромен процент повеќе во однос на 2016/2017 година и имаме зголемување на просечната плата. Така што, тоа е нешто што не може да се коментира, тоа е нешто што е законско решение“, изјави Ковачевски во врска со барањето за апанажа, по посетата на Желино.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми