1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се формира коалиција за испорака на авиони во Украина?

17 мај 2023

Велика Британија и Холандија сакаат да формираат „меѓународна коалиција“ за снабдување на Украина со борбени авиони. Партнерите на НАТО досега го отфрлаа тоа. Киев ја поздравува иницијативата.

борбен авион
Велика Британија и Холандија сакаат да формираат „меѓународна коалиција“ за снабдување на Украина со борбени авиони. Фотографија: Ssgt. Trevor T. Mcbride/U.S. Air/ZUMA Wire/imago images

Велика Британија и Холандија планираат на барање на Украина да основаат меѓународна коалиција за испорака на борбени авиони на Киев.

Портпаролот на британската влада рече: „Премиерот (Риши Сунак) и холандскиот премиер (Марк) Руте се согласија да формираат меѓународна коалиција која ќе и обезбеди на Украина воздушни борбени ресурси, од обука до набавка на авиони Ф-16 ". 

Зеленски ја пофали иницијативата 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави напорите на двете земји. „Вчера во Велика Британија се договоривме со премиерот Риши (Сунак), да работиме на коалиција на борбени авиони - обука, авиони, резултати“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање, кое го посвети на патувањето во европските земји.

„Добар почеток за коалицијата“, рече тој. „Ви благодарам на сите."

За време на посетата на Италија, Германија, Франција и Велика Британија, Зеленски изминатите денови побара нова воена помош и поддршка за формирање „коалиција на борбени авиони“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Лондон со британскиот премиер Риши СунакФотографија: Carl Court/AFP/Getty Images

Партнерите од НАТО досега беа против 

Земјите на НАТО досега одбиваа да го исполнат барањето на Киев за испраќање модерни западни борбени авиони. Меѓутоа, Сунак и Руте сега сакаат да работат на „формирање меѓународна коалиција која ќе и обезбеди на Украина капацитети за борбени авиони и ќе ги поддржи во сè - од обука, до набавка на авиони Ф-16“, рече портпаролот на лондонската влада. Во Рејкјавик, на самитот на Советот на Европа, Сунак го повтори своето верување дека „местото на Украина е во НАТО“.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е подготвен да обучува пилоти на украински борбени авиони, но ја отфрли можноста за испорака на авиони во Киев.

За време на посетата на Зеленски на Британија, Сунак исто така објави дека Лондон сака „наскоро“ да започне со обука на украински пилоти на западните авиони. Британскиот премиер најави и формирање школа за летови за украински пилоти. Ова, вели тој, ќе им овозможи да се обучуваат на различни типови авиони.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми