1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Русија очекува напад на Херсон

ЖА / агенции
19 октомври 2022

Командантот на руската офанзива во Украина, генерал Суровикин со невообичаено јасни зборови ја опишува ситуацијата на фронтот како „напната“, се препорачува евакуација на цивилите од Херсон.

Рускиот генерал Сергеј Суровикин
Рускиот генерал Сергеј СуровикинФотографија: Sergei Bobylev/Tass/IMAGO

„Ситуацијата во областите во кои се води специјалната воена операција може да се означи како напната“, изјави синоќа за руската државна телевизија Росија 24  генерал Сергеј Суровикин,  кој од пред десет дена е одговорен за руската воена офанзива во Украина.

„Непријателот не се откажува од обидите за напади врз руските трупи. Украинскиот режим се обидува да ја пробие нашата одбрана, собирајќи ги сите свои резерви за изведување контраофанзива“, рече рускиот генерал Суровикин.

Руската армија, како што изјави тој, моментално врши подготовка за евакуација на цивилите од јужноукраинскиот град Херсон, на што повика и таму воспоставената руска управа.

„Постои нужност да се заштитат што повеќе животи на цивилното население и на руската војска“, образложи генералот, а без натамошни објаснувања изјави: „Не исклучуваме една многу тешка одлука.“

Владимир Салдо, шефот на од страна на Русија инсталираната управа во Херсон, на Телеграм најави евакуација на жителите од повеќе места во регионот на левата страна на реката Днипро, за на руската армија да и` се овозможи „подигање на обемни одбранбени структури."

„Онаму каде дејствува армијата, нема место за цивили“, изјави Солдо со дополнување дека регионот Херсон сепак и натаму останува под заштита на руската армија.

Градот Херсон, кој се наоѓа во близина на од Москва анектираниот полуостров Крим, беше првиот поголем украински град кој руските трупи го освоија по почетокот на инвазијата врз Украина на 24 февруари. На крајот на септември Русија го анкетираше овој регион  заедно со уште три други окупирани региони. Во последните недели околу Херсон се водат жестоки борби, градот е цел на контраофанзива на украинската војска, која бележи постојани напредоци.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми