1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГерманија

Германија: Сѐ поголем недостиг на лекови за деца

ЕМФ | агенции
29 април 2023

Здружението на педијатри во Германија предупредува од сѐ поголем недостиг на лекови за деца и млади.

Недостигот на лекови за деца се зголемува, алармираат педијатрите
Недостигот на лекови за деца се зголемува, алармираат педијатритеФотографија: Sabine Kinkartz/DW

Педијатрите во Германија предупредуваат од сѐ поголем недостиг на лекови за деца и млади во земјата. Претседателот на Здружението на педијатри, Томас Фишбах за весникот „Ноје оснабрикер цајтунг“ изјави дека во моментов нема пеницилин, а недостигаат и лекови за деца против висока температура и болки.

Фишбах е еден од потписниците на отвореното писмо коешто педијатрите од Германија, Франција, Австрија и Швајцарија им го испратија на министрите за здравство во тие земји. Во писмото до германскиот министер за здравство Карл Лаутербах, меѓу другото, се вели: „Здравјето на нашите деца и млади е загрозено од недостигот на лекови ширум Европа. Итно е потребно наоѓање брзо, сигурно и трајно решение!“

Педијатрите велат дека ваква состојба со лековите за деца до пред неколку години не била замисливаФотографија: Frank May/picture alliance

Лекарите за деца, како што се вели, се „многу загрижени“. Тесните грла во снабдувањето со лекови од изминатите месеци довеле до тоа да не биде можно ниту соодветно лекување на децата ниту придржување до насоките за терапија. Со тоа се загрозува здравјето на децата и младите на долг рок: „До пред неколку години ваквото сценарио на недоволна снабденост во нашите земји не можеше ни да се претстави. Сметаме дека политиката е одговорна за обезбедување доволно производство и создавање резерви на важни лекови за работата на педијатрите во Европа“, се вели во писмото на лекарите кое го пренесува „Ноје оснабрикер цајтунг“.

Фишбах бара поттик за производство на лекови за деца во Германија. Според него, производството на лекови мора повторно да им се направи атрактивно на производителите, а за тоа е одговорна политиката.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми