1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сѐ повеќе млади во Германија се чувствуваат осамено

ЕМФ | агенции
17 јуни 2024

Единаесет проценти од младите луѓе во Германија се чувствуваат многу осамено, покажува истражувањето на фондацијата Бертелсман.

осаменост
Фотографија: Fabian Sommer/dpa/picture alliance

Еден од десет млади луѓе во Германија се чувствува многу осамено, покажа новото истражување на фондацијата Бертелсман објавено денеска (17.06). Сериозно осамени се 11 проценти од младите луѓе на возраст помеѓу 16 и 30 години. Ако се вклучат и оние кои се чувствуваат умерено осамено, тогаш процентот на осамени млади луѓе во земјата е 46%.

Сојузната министерка за семејни прашања Лиза Паус повика темата да се извади „од табу зоната“. Осаменоста како тема е често поврзана со „срам“, рече Паус за утринската програма на АРД по повод неделата на акција против осаменоста. Засегнатите, според неа, не сакаат да признаат дека се чувствуваат осамено. Паус за весниците на медиумската група „Функе“ предупреди дека осаменоста е потценет феномен што може да ѝ наштети на демократијата на долг рок. „Секој што ја губи довербата во општеството ја губи и довербата во демократијата. Како резултат на тоа, се намалува и политичкото учество и подготвеноста за гласање.“ Министерката нагласува и дека според Светската здравствена организација осаменоста е исто толку штетна „како и дебелината, пушењето и загадувањето на воздухот“.

Истражувањето на фондацијата Бертелсман покажа дека осаменоста е најголема на возраст помеѓу 19 и 22 години. Според истражувањето, поголема веројатност да бидат осамени има кај младите жени отколку кај младите мажи. Исто така, поголема веројатност за осаменост има кај луѓето кои се разведени, вдовици или невработени, оние кои имаат низок степен на образование, живеат во градови со средна големина или имаат мигрантско потекло.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми