1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се пребројуваат гласовите: ВМРО-ДПМНЕ очекува голема победа

ДТЗ
2 ноември 2025

Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера. Вториот круг го одбележа послаба излезност на гласачите од гласањето на 19 октомври.

Граѓани гласаат на локалните избори во Македонија
Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера. Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Во 19 часот избирачките места во Македонија, на коишто имаше втор круг гласање за градоначалници, ги затворија вратите, по што започна пребројувањето на гласовите. Право на глас во вториот круг на Локалните избори имаа 1.013.375 гласачи, додека во Град Скопје право на глас имаа 474. 304 избирачи. Изборниот ден помина во мирна атмосфера,со поединечни инциденти, како агитирање или прекршување на изборниот молк на социјалните мрежи. До Јавното обвинителство е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. Итно се дадени насоки за документирање на настанот што претставува прекршок. 

Вториот круг на локалните избори во Македонија го одбележа послаба излезност на гласачите од првиот круг што се одржа на 19 октомври. 

Најголема излезност во Росоман - најмала во Сарај

На половина час пред затворањето на избирачките места, излезноста во земјата беше 40,45%, соопшти Државната изборна комисија. Од вкупно 1.013.357 избирачи кои имаат право на глас, и обработени 987,174 гласачи, гласале 399.319 граѓани. Жителите на Сарај и Чаир не покажаа голем интерес за гласање - излезноста е 11,45% и 13,7%. Најголема излезност има во Росоман 77,51%.

За споредба, во првиот круг на ниво на целата држава од обработени 97,15% беше 46,46 отсто, или гласале 827.020 граѓани. На претходните локални избори во 2021 вкупниот одзивот до 19 часот изнесувал 49,98 проценти.

До 17 часот излезеноста во Скопје беше 28,52 проценти, а низ останатиот дел од земјата кадешто се гласаше во вториот круг излезноста беше 39,28%. Најголем одѕив на гласање имаше во Конче (64,44), а најмал во Сарај - 8,77 проценти. 

Спорeдено со првиот круг, излезеноста во главниот град до 17 часот беше помала, затоа што пред две недели излегле 39,62 проценти од избирачите.

Изборниот ден помина во мирна атмосфера, со поединечни инциденти, како агтитирање или прекршување на изборниот молк на социјалните мрежи. Вториот круг го одбележа послаба излезност на гласачите од гласањето на 19 октомври. Фотографија: Petr Stojanovski/DW

ВМРО-ДПМНЕ очекува „голема победа“

По завршувањето на изборниот ден, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција порачаа дека очекуваат „огромна победа“, меѓу другото и во Град Скопје. 

„Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера. Очекуваме одличен изборен резултат. Во вториот круг очекуваме да се зголеми разликата во наша корист, очекуваме голема победа“, порачаа од партијата на прес-конференција.. 

Осми локални избори во земјата

Граѓаните можеа да гласаат во вториот круг од oсмите локални избори, за градоначалници во 32 општини и во Град Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Не се гласаше за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, бидејќи таму постапката ќе се повтори во рок од 60 дена по завршување на локалните избори.

На изборите учествуваа 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури. Изборите ги следеа 1. 598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен. Ден пред изборите, од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можеа да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори гласале 3.327 гласачи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми