1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се расплеткува клопчето околу криминалната група „Дуќанџик“

ДТЗ
4 ноември 2024

Полицијата приведе двајца поранешни вработени во МВР и уште едно лице коишто на членовите на групата од Грчец им оддавале службени тајни

приведен
Полицијата приведе поранешни вработени во МВР коишто на членовите на групата од Грчец им оддавале службени тајни. Фотографија: picture alliance/dpa/B. Roessler

Се расплеткува клопчето околу криминална група „Дуќанџик“.Полицијата приведе двајца поранешни вработени во МВР и уште едно лице коишто на членовите на групата од Грчец им оддавале службени тајни. Тие ќе се гонат за „злосторничко здружување“, „оддавање службена тајна“, „попречување на правдата“ и „противправно стекнување и прикривање имот“.

Според МВР, додека биле вработени во полицијата, во периодот од декември 2019 година до март 2021 година, осомничените се приклучиле на организирана криминална група за која прибавувале, соопштување, пренесување или на друг начин овозможувале достапност на податоци што претставуваат службена тајна, особено на тешки кривични дела, од кои за некои е предвидена и казна доживотен затвор. 

Обвинителстото смета дека со „протекувањето“ на службени тајни, било отежнато докажувањето во неколку постапки. па така, осомничените наводно влијаеле врз оштетен, кој бил мета на нарачано убиство, да ја смени изјавата дадена во полиција. Исто така, за убиство во август 2020 година споделиле значајни информации за криминалната група. 

„Во 2020 година споделувале службени информации за примена на посебни истражни мерки за случајот „Планина“, пренесувале информации за истрага за осомничени за киднапирање, како и за двојното убиство од март 2021 година во Скопје“, информираат од Обвинителството. 

Во угостителскиот објект „Шиша Бар“ во Старата скопска чаршија се случи двојно убиство во март 2023 годинаФотографија: P. Stojanovski/DW

„Соработка од користољубие“ 

Од Обвинителството информираат дека осомничените од користољубие, се поврзале со групата „Дуќанџик“ од селото Грчец, на којашто и пренесувале службени информации. Двајца од осомничените се поранешни главни инспектори за имотни деликти, односно недозволена трговија со дрога. Преку третото лице тие пренесувале и споделувале информации за постапки што се од значење за јавната безбедност, како и за безбедносни и разузнавачки активности на државните органи. „За ваквото неовластено откривање со кое предизвикале штета во работењето и ефикасноста на истражните органи и органите на прогонот и го отежнувале или оневозможувале обезбедувањето на доказите, осомничените добивале награда“, соопшти Обвинителството. 

„Sky“ апликацијата - омилена „играчка“ на криминалцитеФотографија: picture-alliance/dpa

Тајни разговори на апликацијата SKY/ECC 

Групата „Дуќанџик“, изминатиот период често се споменуваше во јавноста и беше поврзувана со бројни инциденти и случувања. Како добивале тајни информации од полицијата, било утврдено во рамки на истрага која ја спровело Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со јавен обвинител. Тие од октомври 2023 година до јануари 2024 година спроведувале истрага за македонски државјани, кои како членови на меѓународна криминална група, користејќи ја енкриптираната SKY/ECC апликација договарале и преземале активности за организирање на набавка и пренесување на кокаин од земјите на Јужна Америка до земјите на ЕУ и Македонија. Исто така учествувале во извршување на други кривични дела, поради што беше поднесена кривична пријава против 16 лица. 

Но, по поднесување на кривичната пријава, Одделот за криминалистичка полиција продолжил со анализа на податоците добиени од Еуропол и Еуроџаст и во координација со јавен обвинител се обезбедени докази и за овој случај. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми