1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Се урна руски воен авион со 15 лица во него

ЖА
12 март 2024

Втор пат оваа година се урна руски воен транспортен авион од типот Ил-76. Во јануари Москва вината за падот на авионот и` ја префрли на Украина, овој пат причината не е позната, а веројатно нема преживеани.

Руски воен транспортен авион од типот Иљушин-76
Руски воен транспортен авион од типот Иљушин-76Фотографија: Petrov Sergey/Russian Look/picture alliance

Руското министерство за одбрана во Москва соопшти дека повторно паднал воен транспортен авион од типот Иљушин-76, овој пат во областа Иваново, на околу 200 километри оддалеченост од Москва. Во авионот се наоѓале 15 луѓе, од кои осум биле членови на екипажот и седум патници, соопштило Министерството за одбрана, како што пренесува денеска руската новинска агенција Интерфакс во Москва. Нема официјални информации за судбината на луѓето кои биле во авионот, но се претпоставува дека тие не ја преживеале несреќата. Наводно, при стартот избувнал пожар на еден од четирите авионски мотори, но причината не е наведена, експерти се на пат кон местото каде се урнал авионот за да извршат истрага.

Министерството за одбрана јави за бројни украински напади со дронови во време кога се случила несреќата. Некои од нив погодиле повеќе цели во Русија, вклучувајќи ја и престолнината. 

Во јануари исто така  се урна воен авион   од типот Ил-76 во  руската погранична област Белгород.  Руските власти тврдеа дека авионот бил соборен од ракета од украинска страна. Според Москва, притоа биле убиени  65 украински воени заробеници  кои биле транспортирани заради размена.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми