Се зголемува бројот на починати туристи во Грција
18 јуни 2024И покрај предупредувањата од страна на властите, хотелиерите и локалното население, во Грција досега починаа најмалку пет туристи. Честопати причина е тоа што и покрај огромните горештини туристите излегуваат напладне, сами или и покрај тоа што се стари.
Медиумите прво, на почетокот на јуни, известија за случајот на познат новинар на Би-Би-Си. Тој беше пријавен за исчезнат на островот Сими, а потоа беше пронајден мртов. Како што соопштија властите, тој тргнал по погрешна рута додека планинарел и паднал на место каде што спасувачите тешко можеле да го пронајдат. Два смртни случаи имаше на Крит. Првиот случај е на 80-годишен турист кој сам отишол на планинарење, а ден подоцна беше пронајден мртов, додека вториот случај е на 70-годишен турист кој почина на плажа. На малиот остров Матраки педесет и петгодишен Американец загина додека планинарел, додека 74-годишен Холанѓанец сам тргнал на планинарење на Самос - и беше пронајден мртов неколку дена подоцна.
Загриженост предизвикуваат и информациите за исчезнати лица. На островот Аморгос со денови нема трага од еден Американец кој тргнал на планинарење, а на островот Сикинос се бараат две постари Французинки кои исто така тргнале на планинарење минатата недела.
Големите горештини во Грција годинава започнаа многу рано. Метеоролозите информираат дека од почетокот на мерењето на температурите не е забележан толку топол почеток на јуни. Тие се движат околу 40 степени, а на сонце е уште потопло.