1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиЈапонија

Се зголемува бројот на загинати по земјотресите во Јапонија

ЕМФ | агенции
2 јануари 2024

По силните потреси во Јапонија, бројот на загинати се искачи на најмалку 30. Се зголемува и бројот на повредени. Најпогоден е пристанишниот град Ваџима, на полуостровот Ното.

Јапонија земјотрес Ваџима
Урната зграда по земјотресот во Ваџима, во јапонската префектура ИшикаваФотографија: Kyodo News via AP/picture alliance

Земјата во Јапонија и натаму се тресе. Предупредувањето од цунами во меѓувреме е повлечено, но земјотреси има и натаму. Бројот на загинати во меѓувреме се зголеми на најмалку 30 лица. Половина од загинатите се од пристанишниот град Ваџима, на полуостровот Ното, каде, меѓу другото, голем број куќи беа уништени во пожар. Во тешко погодената префектура Ишикава има и 14 тешко повредени лица.

Централниот дел на Јапонија на првиот ден од Новата година беше погоден од низа тешки земјотреси и цунами бранови високи над еден метар. Најсилниот земјотрес имаше јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала. Метеоролшката служба на Јапонија регистрираше над 150 помали потреси.

Пукнатини по земјотресот во префектурата Ишикава, ЈапонијаФотографија: Kyodo News/AP/picture alliance

По земојтресот без струја останаа околу 45 илјади домаќинства, а во многу места нема и вода за пиење. Јапонија лежи на т.н. Пацифички огнен прстен, каде се судираат тектонски плочи и поради тоа во тој дел од светот има често земјотреси ии ерупции на вулкани.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми