1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Компании добиле 3,2 милиони евра со фиктивни проекти

ДТЗ
29 октомври 2024

Пари од Фондот за иновации добивале и приватни здравствени установи кои со нив купувале медицинска опрема, покажала внатрешната ревизија во ФИТР.

проекти
Компании добиле 3,2 милиони денари со фиктивни проектиФотографија: picture-alliance/ZB

Околу 60 компании со фиктивни или „фантомски“ проекти кои никогаш не се реализирале испумпувале пари од државата за иновации и развојни проекти. Тие, според новото раководство, го оштетиле буџетот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за 192.888.642 денари или околу три милиони евра, добивајќи грантови за поддршка на овие проекти. 

До вакви сознанија е дојдено по внатрешната ревизија во ФИТР. В.д. директорот Никола Додов на прес-конференција посочи дека се откриени сериозни неправилностите во работата на Фондот кој доделувал пари без исполнети критериуми за поддршка на проекти, а спротивно на правилникот и одредбите од Законот за иновациска дејност, пари добивале и приватни здравствени установи кои со нив купувале медицинска опрема.  

Внатрешна ревизија и правни чекори 

Тој најави дека ќе бидат преземени правни чекори кон тие што не ги почитувале договорите и законските обврски. За 60 компании кои се предмет на истрага, веќе се поведени постапки за наплата на побарувањата пред надлежен извршител додека за дел од нив се во постапки за поднесување кривични пријави до Обвинителството, и граѓански парници по кои понатаму ќе постапува надлежното обвинителство односно надлежните судови. 

„Новото раководство презема мерки и веќе се наплатени околу 600.000 евра. Внатрешната ревизија утврдила несоодветни договори и сомнителни практики, вклучувајќи фирми поврзани со политички функционери. Договори со правни неправилности, конфликт на интереси и прикривање податоци кои дополнително ги поткопуваат капацитетите на Фондот“, вели Додов.

Ревизијата открила компании кои добиле повеќе грантови за идентични проекти, а од 50 проекти - 40 завршувале само во два „најинвентивни града“. 

Пари добивале и приватни здравствени установи 

Во однос на проектите што ги добивале приватни здравствени установи и основот врз кој тие станале корисници на ФИТР, в.д. директорот рече дека посветуваат посебно внимание во ревизијата.

„Во моментов, станува збор за околу 50 приватни здравствени установи кои во изминатите пет години биле корисници на средства од Фондот. Во тек е посебна ревизија за ова прашање. Има индикации дека во минатото некои одлуки можеби биле донесени врз основа на политички договори, а не во согласност со законските процедури, што дополнително ќе биде предмет на истражување... Постојат основани сомнежи за злоупотреба на Фондот за иновации и неговите средства за време на Ковид-кризата, кога одредени приватни здравствени установи добивале финансии, додека државните се бореле сами со здравствената криза. Овие наводи се дел од тековната ревизија“, вели в.д. директорот на ФИТР. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми