1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Шефот на кинеската дипломатија Ванг денеска во Москва

ЕМФ | афп
18 септември 2023

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји патува на безбедносни разговори во Русија. Ќе има „детална размена на мислења за прашањата поврзани со решавањето на конфликтот во Украина“, изјави портпарол на руското МНР

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји
Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји ќе престојува неколку дена во РусијаФотографија: Tatan Syuflana/AP Photo

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека министерот Ванг Ји од денеска (18.09) до 21 септември ќе престојува на безбедносни разговори во Русија на покана на секретарот на Московскиот совет за безбедност, Николај Патрушев. Руското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека Ванг ќе се сретне со својот руски колега Сергеј Лавров и дека двајцата планираат „да се фокусираат на зајакнување на соработката на меѓународната сцена“. Ќе има „детална размена на мислења за прашањата поврзани со решавањето на конфликтот во Украина“, изјави портпарол на руското МНР. Според него, ќе се разговара и за „начините за обезбедување стабилност и безбедност во азиско-пацифичкиот регион“.

Кина и Русија во последните години ја проширија својата економска соработка и дипломатските контакти. По руската инвазија на Украина, која Кина не ја осуди, односите меѓу двете земји дополнително се интензивираа. Минатиот месец, кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу отпатува во Русија и Белорусија, каде повика на поблиска воена соработка.

Минатиот месец Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин планира да отпатува во Кина во октомври. Шефот на кинеската држава Ши Џинпинг во март го посети Путин во Москва и зборуваше за нова ера во односите.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми