1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаГлобално

Следува ли „црн април“ во снабдувањето со нафта?

СН/ агенции | дпа
7 април 2026

Шефот на МАЕ Бирол, предупредува: Доколку Ормускиот Теснец остане блокиран, во април се заканува значителен недостаток на нафта и гас – со последици за економијата и снабдувањето.

Три танкери за нафта на отворено море
Единственото вистинско решение за актуелната криза во снабдување со енергенси е повторното отворање на Ормускиот теснец. Фотографија: Amr Alfiky/REUTERS

Извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ), Фатих Бирол, предупреди дека поради војната на САД и на Израел против Иран и речиси целосно блокираниот Ормуски Теснец може да дојде до дополнително влошување на проблемите со снабдувањето со нафта. „Мора да се има предвид дека иако март беше многу тежок, април ќе биде уште многу полош“, изјави Бирол за парискиот весник „Ле Фигаро“. Зашто, заливските земји моментално произведуваат само нешто повеќе од половина од количеството на нафта што ја произведуваа пред војната, а природен гас воопшто не се извезува.

„Доколку Теснецот навистина остане блокиран цел април, ќе изгубиме двојно повеќе сурова нафта и рафинирани производи отколку во март. Не чека ‘црн април’“, рече Бирол. „Многу сум песимист денес, бидејќи оваа војна ја парализира една од животните артерии на светската економија. Не само нафта и гас, туку и ѓубрива, петрохемикалии, хелиум и многу друго.“

Првиот човек на МАЕ, Фатих Бирол: „Mарт беше многу тежок, април ќе биде уште многу полош“Фотографија: Ludovic Marin/AFP/Getty Images

Најтешка енергетска криза досега

Светот никогаш досега не доживеал ваков степен на нарушување на енергетското снабдување. „Ако ги погледнеме трите големи кризи со нафта и гас од минатото, сегашната е потешка од оние во 1973, 1979 и 2022 заедно. Се соочуваме со голем енергетски шок што ги спојува шоковите во нафтата, гасот и храната.“

Според него, ослободувањето на резерви на нафта, иницирано од МАЕ, само делумно ја олеснува болката. „Единственото вистинско решение е на друго место: повторното отворање на Ормускиот Теснец. Додека остан затворен, светската економија ќе се соочува со огромни тешкотии.“

Германија, додаде Бирол, се наоѓа во уште потешка ситуација кога станува збор за природниот гас и за сигурни извори на електрична енергија како нуклеарната енергија, а со тоа и за цените на струјата. „Германската економија и индустрија би можеле во наредните недели, месеци или дури години да се соочат со многу големи предизвици.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми