1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиРусија

Евгениј Пригожин прогласен за мртов по авионската несреќа

ЖА / агенции
24 август 2023

Два месеци по неговиот загадочен бунт против руската државна власт, водачот на платеничката војска Вагнер, Евгениј Пригожин е прогласен за мртов по падот на авион во Русија. Официјална потврда или цврсти докази нема

 Евгениј Пригожин пад на авион во Твер, Русија
Се тврди дека Евгениј Пригожин загинал при падот на авион во Твер, РусијаФотографија: Investigative Committee of Russia/Handout/REUTERS

Каналот „Сива зона“ на Телеграм, кој Пригожин го користеше за ширење на своите видео-пораки, во средата вечерта ја објави смртта на шефот на приватната армија Вагнер. „Шефот на Вагнер, руски херој и вистински патриот, Евгениј Пригожин загинакако последица на дејствување на предавниците на Русија. Но, тој и во пеколот ќе биде најдобар. Слава на Русија!“, објавија на каналот „Сива зона“.

Федералната руска агенција за воздушен сообраќај Росавиазија објави листа на патници од настраданиот авион, на која покрај Пригожин, се наоѓа и името на официјалниот командант на Вагнер, Дмитри Уткин. Сите десет патници во приватниот авион од типот Ембраер, кој наводно бил на пат од Санкт Петербург кон Москва и кој се урна синоќа во Твер, регион на сто километри од руската престолнина, загинале, соопшти руската Служба за цивилна заштита. За несреќата е отворена истрага, соопштија властите. Официјална потврда или недвосмислени докази за смртта на долгогодишниот човек од доверба на шефот на Кремљ, Владимир Путин, до денеска утрото нема.

Со својот „марш на Москва“ шефот на платеничката војска Вагнер на себе го навлече бесот на Путин.

Многумина се прашуваакаде се наоѓа Пригожин откако своите платеници ги поведе во краткотрајна побуна против Москва на 23 јуни.

Последната снимка на Пригожин беше објавена само пред два дена на Телеграм и била направена наводно во Африка. Тоа беше негово прво видео по откажувањето од бунтот.

Припадниците на Вагнер учествуваа во руската инвазија врз Украина и играа клучна улога во битката за Бахмут. Но, споровите меѓу платениците и руската војска се акумулираа, па во еден момент Пригожин ги повлече своите трупи од Украина и тргна во поход кон Москва. Бунтот беше окончан со посредување на белорускиот властродржец Александар Лукашенко. Отворениот предизвик кој Пригожин му го упати на Кремљ е најголем откако Путин дојде на власт пред повеќе од дваесет години.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми