1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експерти: Нема опасност за Македонија по потресот во Турција

ДТЗ
6 февруари 2023

Македонските граѓани можат мирно да спијат, оти сеизмичкото подрачје е премногу одалечено од Балканот за да може да се почувствуваат какви и да се последици, смируваат сеизмолозите

земјотрес Турција
Се очекуваат 300 афтершокови по земјотресот во Турција, опасност за Македонија немаФотографија: Sertac Kayar/REUTERS

Тлото во Турција ќе продолжи да се тресе и во наредните неколку месеци. По синоќешниот разорен земјотрес, кој остави пустош зад себе, професорот Михаил Гаревски за ДВ вели дека во наредниот период се очекува да се случат уште 300 афтершокови, но кои ќе бидат далеку послаби. 

„Можам да кажам дека ова што се случи синоќа - разорен земјотрес со јачина од 7.8 степени не би требало да се повтори во наредниот период во овој регион. Повеќе нема да има земјотреси со оваа јачина, и не очекува новите потреси да бидат со магнитуда над 6.5 степени според Рихтер“, вели Гаревски. 

Нема опасност за Македонија 

Македонските граѓани можат мирно да спијат оти сеизмичкото подрачје каде тлото не мирува ниту во текот на денов, е премногу оддалечено од Балканот за да може да се почувствуваат какви и да се последици. „Опасност за Северна Македонија нема“, дециден е професорот кој е на чело на Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени (ИСОГКП).

Тој смета дека Македонија последниве години ги има едни од најсигурните градби во Европа, според важечките прописи. Од 2014 година, тврди Гаревски се вршат ригорозни контроли на секој објект што се гради, поради што е убеден дека новите градби би издржале и посилни земјотреси.

Тлото во Турција ќе продолжи да се тресе и во наредните неколку месеци. Фотографија: Erkan Kama/AA/picture alliance

И раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, Драгана Черних смета дека силните земјотреси немаат директно влијание врз земјава. „Високата сеизмичка активност од Турција врз нашата територија нема директно влијание но секако дека има распределба на тектонските напрегања меѓу микро плочите и блоковите кои не се брзи и имаат соодветна временска историја“, укажува таа. 

Сеизмичката активност е последица на активирањето на дел од источно анадолскиот расед со максималната линеарна димензија од околу 200 километри и напрегањата предизвикани од континуираната интеракција на анадолската микро плоча како дел од евроазиската тектонска плоча со арабиската плоча и дополнителните напрегања од африканската тектонска плоча. Епицентрите на земјотресите се протегаат долж раседот на самата граница помеѓу Турција и Сирија. Силните земјотреси се почувствувани дури до Гренланд. 

Што може да се очекува? 

Утринава во еден од сеизмички најактивните региони на источниот Медитеран, со активноста на источно-анадолскиот расед, започна серија на тектонски земјотреси која што се уште трае .Двата најсилни, во 4.17 часот и во 13. 24 часот со локални Рихтерови магнитуди 7.8 и 7.5, беа проследени со афтершокова серија од неколку умерено силни земјотреси со магнитуди помеѓу 6 и 7 и повеќе од 30. умерени земјотреси со магнитуди поголеми од 5 според Рихтеровата скала.

Иако земјотресите не се предвидуваат, Гаревски прогнозира дека афтершоковите ќе потраат и очекува да има околу 300, коишто ќе го тресат толото во Турција и во наредните неколку месеци. 

„Можам да кажам дека ова што се случи синоќа - разорен земјотрес со јачина од 7.8 степени не би требало да се повтори во наредниот период во овој регион. Повеќе нема да има земјотреси со оваа јачина, и не очекува новите потреси да бидат со магнитуда над 6.5 степени според Рихтер. 

Сеизмичка опасност  

Турција, која беше погодена од два исклучително силни земјотреси, се провлекува низ неколку раседи, меѓу евроазиската и африканската тектонска плоча, и затоа е меѓу сеизмички најактивните области во светот. Само минатата година турските сеизмолози забележаа повеќе од 22.000 послаби земјотреси. Земјотресот што се случи понеделникот наутро со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала е еднаков на земјотресот од 1939 година во кој загинаа 33.000 луѓе.

„Земјотресот којшто се случи ноќеска со магнитуда од 7.8 степени, е еден од еден од најсилните што воопшто се случиле во историјата на Турција“, вели Гаревски. Тој посетува дека во 1939 година, од земјотрес бил погоден градот Езерџан, со јачина од 7.9 степени и тоа е најсилниот земјотрес што го памети Турција.

„Овој земјотрес, го погоди северно-анатолискиот расед кој е долг 1.200 километри. Езерџан се наоѓа на почетокот на овој северно-анатолискиот расед. Во 1999 година се случи нов земјотрес во Измит, којшто се наоѓа на крајниот дел на северно-анатолискиот расед, со јачина од 7.6 степени и во кој загинаа 17 илјади луѓе“, вели професорот.

Последниот земјотрес на наоѓа на источно анатолискиот расед и последните проценки се дека бројката на жртви е околу 1.500. Но, според Гаревски, оваа бројка веројатно ќе се искачи имајќи ја предвид огромната ослободена енергија во жариштето на земјотресот. 

„Бројката на загинати и повредени би била поголема ако градовите се наоѓале поблиску до епицентарот. Но, со оглед на тоа што тие се лоцирани подалеку од епицентарот, но и новите стандарди за градба коишто стапија на сила изминатите години, доведоа до тоа да има значително помалку жртви во однос на претходни земјотреси коишто ја имаат погодено земјата“, вели Гаревски. 

Според досегашните податоци, во Турција и Сирија како последица на земјотресот загинаа повеќе од 1.500 лица, повеќе од 7.000 се повредени, а се урнаа и околу 3.000 градби.

Катастрофален земјотрес во Турција

01:08

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми