1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Секој седми македонски граѓанин е член на партија

ДТЗ
22 јануари 2025

Според истражувањето во Македонија многу се гласа по етничка линија. Има исклучоци, но се многу ретки и се однесуваат само на одредени политички опции.

избори Македонија
Според истражувањето во Македонија многу се гласа по етничка линија. Има исклучоци, но се многу ретки и се однесуваат само на одредени политички опции. Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B.Grdanoski

Секој седми граѓанин на Северна Македонија е член на политичка партија, што ја става земјата во рангот на оние со највисоки членства во политички партии во Европа. Граѓаните се многу често инволвирани во партиски активности. Голем број од нив имаат чести и на месечно ниво активности во политичките партии. Тие се инволвирани и во кампањите. На последната изборна кампања во мај 2024 година, дури третина од граѓаните учествувале на некој собир, митинг или јавен настан организиран од партиите. Ова го покажуваат резултатите од компаративното истражување на изборните системи (Comparative Study of Electoral Systems) во Македонија, спроведено од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ИСППИ-УКИМ).

Парламентарните и претседателските избори лани доведоа до повеќе промени во политичкиот живот на земјата. Носителите на функции во извршната и законодавната власт беа заменети по двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ, на сцената се појавија нови политички актери, раководството на СДСМ беше целосно променето, а ДУИ по две децении на власт замина во опозиција.

Марко Трошановски вели дека анкетата покажува дека граѓаните во голем дел излегуваат на гласање. „Ние имаме сериозно задоволувачка изборна изленост ако ги погледнеме бројките. Нашата излезност се движи над 60 до 70 проценти на секој изборен циклус, што значи дека иако постои огромна недоверба во институциите, сепак довербата во декомратските избори постои“, оценува тој. 

Парламентарните и претседателските избори лани доведоа до повеќе промени во политичкиот живот на земјата. Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Гласање по етничка линија 

Според истражувањето во Македонија многу се гласа по етничка линија. Има исклучоци, но се многу ретки и се однесуваат само на одредени политички опции. 

„Има многу податоци пои покажуваат дека гласачкото тело во голема мера е незадоволно од работата на претходната влада од 2020 до 2024 година. Тоа незадоволство е различно по етничка линија. Кај етничките Македонци незадоволството е значително поголемо отколку што е случај со етничките Албанци. Така што на некој начин може да се гледа на целиот исход од изборите како на некоја казна за таа претходна влада“, вели Јован Близнаковски од Институтот за социлошки и политичко -правни истражувања при УКИМ Скопје. 

Според истражувањето, некои структури како жените и младата популација се повеќе вклучени во политичките процеси од другите општествени групи. Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Што можеме да очекуваме понатаму е навистина тешко да е каже, вели тој. „Ќе треба да видиме како оваа влада ќе се однесува и као гласачкото тело ќе реагира понатаму“, додава Близнаковски. 

Според истражувањето, некои структури како жените и младата популација се повеќе вклучени во политичките процеси од другите општествени групи. 

Станува збор за меѓународно анкетно истражување, координирано од Центарот за политички студии при Универзитетот во Мичиген, САД и ГЕСИС – Институтот за општествени науки во Лајбниц, Германија, кое се фокусира на изборното однесување на граѓаните. Досега е имплементирано во 60 земји низ светот во пет различни брана почнувајќи од 1996 година.

Имплементацијата на шестиот по ред модул на КИИС (2021-2026) во Македонија ќе овозможи висококвалитетни и меѓународно споредбени податоци за изборното однесување на граѓаните кои ќе бидат од корист за научната заедница, креаторите на политики, граѓанските организации кои работат во областа на изборните политики и медиумските работници. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми