1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоЕвропа

Што е силување – ЕУ уште нема единствена дефиниција

Лусиа Шултен
7 февруари 2024

ЕУ во основа се усогласи околу нови правила за заштита на жените, но не може да постигне договор за заедничка дефиниција за тоа што е силување. Пречка е и ставот на Германија.

Италија насилство врз жените
Демонстрација во Равена, Италија против насилство врз жените, ноември 2023Фотографија: Fabrizio Zani/ANSA/picture alliance

„Тоа што сериозно го сфаќаме  насилството врз жените,  претставува јасна порака за целата Европска унија“, изјави Франсис Фицџералд, известувачка за регулативата на ЕУ за сузбивање на  насилство врз жените.  Но, при претставувањето на резултатот на преговорите меѓу двата законодавци – Европскиот парламент и Европскиот совет, на прес конференцијата во вторникот вечерта беше јасно дека без оглед на сите напори, на одредени места уште има проблеми. 

Во своите кривични законици, државите на ЕУ различно регулираат што се подразбира под делото силување. И во догледна иднина, така и ќе остане. Зашто, Европскиот совет, кој ги застапува земјите членки, во процесот на преговори се изјасни против уедначување.

Таа се соочила со „вистински збунувачки ставови кај дел од членките на ЕУ во однос на силувањата", изјави Франсис Фицџералд, која е дел од Европската народна партија и која изгледаше прилично налутена. Многумина европолитичари залудно се надевале на постигнување т.н. на консензус базиран поим за силување кој ќе биде општоважечки во Унијата.

Различни дефиниции во рамките на ЕУ

Според анализа на здружението „Европско женско лоби“ од октомври ланската година, во 14 од ЕУ-државите важи т.н. „Само да значи да“ принцип. Меѓу нив се на пример Шведска и Шпанија, но и Хрватска и Грција. Кај нивните законодавства водилка е идејата дека за сексуален контакт треба да постои јасна согласност за тој да не се смета за силување.

Европски парламент во Стразбур - во ЕУ има различни дефиниции за силувањеФотографија: picture alliance /

Во Германија и во Австрија се применува правилото „Не значи не“, кое од жртвата и натаму бара докажување на вербално одбивање на сексуален контакт.

Во останатите 11 членки на ЕУ, во кои спаѓаат мнозинството источноевропски земји и Франција и Италија, отпорот против насилство  или заканувачка ситуација и натаму е значаен елемент на силување, устакнува европското женско лоби

Односот кон Истанбулската конвенција

Кога Европската комисија на 8 март 2022 година поднесе предлог за уедначен закон во ЕУ, првенствената намера беше постигнување на целите од Истанбулската конвенција, која стапи на сила во 2018 година. Истабулската конвенција е договор за заштита и сузбивање на насилство против жените и домашно насилство, кој мнозинството членки на ЕУ го имаат ратификувано. На 1 јуни 2023 година и ЕУ како целина го прифати овој договор.

Истанбулската конвенција меѓу останатото предвидува казнување на сексуални вагинални, анални или орални продирања во телото за кои не е дадена согласност. Во својот законски предлог од 2022 година, ЕК во член 5 го предложи поимот за силување како „сексуално дејство врз една жена без нејзина согласност“. Тоа би значело воведување на принципот „Само да значи да“ во целата ЕУ.

Големите држави против општа европска регулатива за силувањето

Но, уште во стејтмент на Европскиот совет од мај 2023 година, овој член веќе не се појави, врз основа на правни консултации тој бил исфрлен.

Германскиот министер за правда Марко Бушман - критики поради неговиот став во врска со уедначена регулатива во ЕУ за силување Фотографија: Florian Geartner/photothek/picture alliance

„Правната служба на Советот и многу други земји членки дојдоа до заклучок дека за ова кривично правило во европското примарно право не постои доволна правна основа“, изјави германскиот министер за правда Марко Бушман пред две недели на неформална средба во Брисел. Според ова толкување, ЕУ воопшто нема компетенции да воведува судски уедначувања. И други држави, како Франција и Унгарија, ја застапувале оваа позиција, според агенцијата АФП. 

Но, и тука не постои единство, известувачката Фицџералд истакна дека 13 од 27 членки на ЕУ се за тоа да постои заедничка, на консензус базирана, регулатива за целата Унија.

Критики до Германија и Франција

Одбивачкиот став на другите држави доведе до зголемена критика на жените и активистите за женски права во цела Европа. Во Германија повеќе од 100 проминентни жени го повикаа германскиот министер за правда да ја промени својата позиција. „Европското женско лоби“ изрази најдлабоко жалење за „скандалозната одлука на Франција и на Германија да го исфрлат членот 5“, напиша организацијата на својата интернет страница.

Други правила од новата правна регулатива за  заштита на жените од насилство  се однесуваат на борба против обрежување на жени и девојчиња и присилни бракови. Освен тоа, под  кривични казни ќе се става сајбер насилство, како несакано споделување интимни фотографии, непобарано испраќање на вулгарни фотографии, како и т.н. сајберстокинг. За тоа е потребна уште формална согласност од Советот и Европскиот парламент. Потоа членките на ЕУ имаат време од три години за правилата да ги преземат во своите национални законодавства.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми