1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТехникаГлобално

Сем Алтман се враќа на чело на ОпенАИ

ЕМФ | афп
22 ноември 2023

Развивачот на четботот ЧетГПТ, ОпенАИ, го најави враќањето на Сем Алтман на местото шеф на компанијата - само неколку дена откако беше отпуштен.

Сем Алтман
Сем Алтман се враќа во ОпенАИФотографија: Joel Saget/AFP/Getty Images

ОпенАИ (OpenAI) „постигна начелен договор“ дека Алтман ќе се врати на функцијата шеф на компанијата, соопшти ОпенАИ и во исто време најави промени во одборот на директори на компанијата.

Алтман беше неочекувано отпуштен од OpenAI во петокот (17.11). Компанијата изјави дека 38-годишниот Алтман не бил секогаш „искрен“ во комуникацијата со одборот на директори.

Ова предизвика потрес во светот на вештачката интелигенција (ВИ). Како шеф на развивачот на ЧетГПТ (ChatGPT), 38-годишниот технолошки претприемач стана лице на вештачката интелигенција и ѕвезда на Силиконската долина. Стотици вработени побараа управниот одбор на ОпенАИ да поднесе оставка, а во спротивно се заканија дека ќе дадат отказ и ќе се преселат во софтверскиот гигант Мајкрософт, каде што во меѓувреме беше ангажиран Алтман.

ОпенАИ е основана како непрофитна компанија во 2015 година, но ја промени својата структура во 2019 годинаФотографија: Jaap Arriens/NurPhoto/picture alliance

Алтман вчера (21.11) изјави дека има поддршка од шефот на Мајкрософт, Сатија Надела за неговото враќање на местото шеф на ОпенАИ. „Со новиот управен одбор и поддршката на Сатија, со нетрпение очекувам да се вратам во ОпенАИ и да го надградам нашето силно партнерство со (Мајкрософт)“, напиша Алтман на мрежата Х.

Мајкрософт и ОпенАИ се веќе тесно поврзани: софтверскиот гигант инвестираше повеќе од десет милијарди долари (9,2 милијарди евра) во стартап компанијата основана во 2015 година и веќе го интегрира ЧетГПТ во своите производи, како што е пребарувачот Бинг.

ОпенАИ е основана како непрофитна компанија во 2015 година, но ја промени својата структура во 2019 година. Во тоа време, Мајкрософт првично инвестираше 1 милијарда долари во ОпенАИ, која е посветена на одговорно користење на вештачката интелигенција. Пред речиси една година, ОпенАИ го направи ЧетГПТ достапен за јавноста, со што одеднаш широката публика стана свесна за можностите на вештачката интелигенција. Во исто време, растат стравувањата од можните опасности од технологијата.

Лошиот близнак на ЧетГПТ

01:25

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми