1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шенген: 30 години Европа без граници - но уште колку?

АРД
29 март 2025

Пред 30 години, Шенгенскиот договор стави крај на граничните контроли меѓу некои европски држави. Сега ова важи речиси насекаде во Европа. Но, миграцијата, тероризмот и криминалот ја ставаат на тест Европа без граници.

Селото Шенген во Луксембург, симбол за Европа без граници
Селото Шенген во Луксембург, симбол за Европа без границиФотографија: Iolanda Paz/DW

Покрај заедничката валута и единствениот пазар, слободното движење на стоки и луѓе е едно од големите достигнувања на Европската унија. Во едно неодамнешно истражување во Германија, 72 отсто од испитаниците рекле дека Шенген им носи повеќе предности отколку недостатоци. Интересно е и тоа што многу граѓани на ЕУ за првпат слушнаа за Шенген за време на затворањето на границите за време на пандемијата на коронавирусот.

Коронавирусот ја стави на тест Шенген зоната

Тоа беше време кога отворените граници беа многу лесно доведени во прашање, изјави шпанскиот европратеник Хуан Фернандо Агилар. Како тогашен претседател на Комитетот за внатрешни работи, тој постојано ги критикуваше политиките за корона-кризата на земјите членки. „Во Европската Унија доживеавме напад без преседан на највредното богатство на европската интеграција – против Шенген“. Слободното движење на луѓето е основно право на Европејците. „А, ние како парламент велиме дека вонредните мерки еднострано наметнати од земјите членки се во спротивност со Шенгенскиот кодекс“, рече Агилар. Тој го гледаше Шенген загрозен како никогаш досега. „Шенген е на коцка“.

Ковид-19: Љубов преку ограда

01:34

This browser does not support the video element.

Сѐ поголеми притисоци врз Европа без граници

Короната, теророт или миграцијата сѐ повеќе ја оптоваруваат Европа без граници. Од 2015 година, повеќе од 400 гранични контроли се пријавени до Европската комисија. Веројатниот следен германски канцелар, Фридрих Мерц, изрази поддршка за трајно воведување гранични контроли на сите премини во Германија. Во исклучителни случаи и за ограничено време, таквите контроли би можеле да се дозволат, објасни европскиот комесар за внатрешни работи Магнус Брунер. „Во Шенгенскиот граничен кодекс има прецизни одредби за тоа што може да се направи“. Тој има разбирање за одредени мерки. „Но, секако, мора да се почитуваат законските барања“, рече Брунер.

Ревидирани шенгенските правила за гранични контроли

По ревизијата на Шенгенските правила, земјите членки на ЕУ во иднина можат да воведат гранични контроли на период до три години. Тоа е цената на нерешениот миграциски проблем, изјави европратеникот Паскал Аримон. Тој ја претставува германската заедница на Белгија во Европскиот парламент. „Илегалната миграција, според мене, е навистина итен проблем кој треба многу брзо да го решиме.“ Но, Аримон решението не го гледа во внатрешните европски граници, туку на надворешните граници. 

Што планираат германските партии во врска со миграцијата?

01:28

This browser does not support the video element.

Илегална миграција, тероризам, организиран криминал

Во секој случај, мора внимателено однесување со таквите внатрешни контроли, апелираше Лена Дипон, портпаролка за внатрешна политика на групата ЦДУ/ЦСУ во Европскиот парламент. Претседателката на парламентарната работна група „Шенген и надворешните граници“, исто така, со голема загриженост гледа на состојбата со слободното движење на луѓе и стоки. „Ако сакаме Шенген повторно да биде целосно функционален, тогаш пред сѐ мора да се осврнеме на причините кои ги наведуваат земјите членки за повторно воведување на привремени контроли“. Тоа се пред сѐ илегалните миграции, како и опасност од терористички закани. „Но, тоа е, пред сè, и закана за внатрешната безбедност поради организираниот криминал“, рече Дипон.

Затоа, ЕУ мора брзо да развие нови стратегии за внатрешната безбедност и да ги опреми своите безбедносни агенции со потребните надлежности и ресурси – како што се Фронтекс или Европол. Во исто време, како што е планирано, Заедничкиот европски систем за азил мора да биде имплементиран до јуни 2026 година.

Автор: Матијас Рајхе, АРД

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми