1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Сепак ќе има ТВ дуел меѓу Камала Харис и Доналд Трамп

ЖА
9 август 2024

Американскиот претседателски кандидат Трамп се согласи на телевизиски дуел со неговата демократска противничка Харис. Дебатата треба да се емитува на Еј-Би-Си на 10 септември.

Доналд Трамп и Камала Харис
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата изборна противкандидатка Камала ХарисФотографија: Alex Brandon/AP/picture alliance und Mat Otero/AP/dpa/picture alliance

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ѝ предложи на својата изборна противкандидатка Камала Харис во септември да се одржат три телевизиски дуели. Дебатите треба да се одржат на 4, 10 и 25 септември на Фокс њуз, Ен-Би-Си и Еј-Би-Си, изјави републиканскиот претседателски кандидат на набрзина свиканата прес-конференција на неговиот имот Мар-а-Лаго во американската сојузна држава Флорида. 

Еј-Би-Си пак објави дека Харис и Трамп се договориле за телевизиски дуел на 10 септември. Трамп и демократскиот американски претседател Џо Бајден претходно се договорија за овој датум  пред Бајден да се повлече од трката  и-  Харис да ја преземе кандидатурата. 

Трамп претходно одби да се соочи со Харис на овој датум и наместо тоа предложи дебата на 4-ти септември на десничарскиот канал Фокс њуз,кој му е нему наклонет. Кампањата на Харис како реакција го обвини Трамп дека „игра игрички“, дека е „исплашен“ и се обидува да „избега“ од дебатата. Намерата на Трамп очигледно била да го побие ова обвинување со својот предлог за три дебати.

Харис задоволно реагира на неговата согласност: „Слушнав дека Доналд Трамп конечно се согласи да дебатира со мене на 10 септември“, напиша 59-годишната политичарка на платформата Х, без да се изјасни за другите датуми предложени од Трамп. Сепак, на маргините на предизборната турнеја во државата Мичиген, Харис изјавила, според новинарите кои патуваа со неа, дека е отворена да разговара за друга дебата.

Трамп не наведе конкретни услови,  како на пример дали ќе има присутна публика во студиото. Прес-конференцијата беше негово прво појавување во јавноста откако Харис во вторникот го избра гувернерот на Минесота,  Тим Волц,  за нејзин вице кандидат.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми