1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСоединети Американски Држави

Торнада предизвикаа огромни штети во САД

ЖА
27 април 2024

Серија торнада во делови од САД предизвикаа вистинска пустош, има големи материјални штети и повеќе повредени луѓе. Метеоролозите предупредуваат од нови невремиња.

Торнадо, Небраска, САД
Серија торнада во делови од САД предизвикаа вистинска пустошФотографија: Chris Machian/Omaha World-Herald/AP/picture alliance

Повеќе торнада во централниот запад во САД предизвикаа големи штети. Посебно тешко е погоден градот Омаха и неговата околина во американската сојузна држава Небраска, каде се оштетени стотици куќи, како што пренесуваат локалните медиуми повикувајќи се на полициски извори.

На фотографии и видеа од регионот се гледа дека од многу од објектите се останати само купишта урнатини, а има извештаи и за повредени, но не и за смртни случаи. Во илјадници домаќинства има прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Торнада во американската сојузна држава Небраска предизвикаа пустошФотографија: Chris Machian/Omaha World-Herald/AP/picture alliance

„Имаме голема среќа што има само неколкумина повредени“, изјави шефот на полицијата во Омаха, Тод Шмадерер, според кого предупредувачките системи во околу половина милионскиот град добро функционирале, што спасило човечки животи.

Во регионот Ланкастер се спасени околу 70 луѓе од индустриски објект, кој бил урнат од силниот ветар и бурата.

Штети предизвикани од невреме и торнадо во близина на Бенингтон, Небраска, САДФотографија: Josh Funk/AP Photo/picture alliance

На својот уништувачки пат едно торнадо  преминало преку реката Мисисипи во соседната сојузна држава Ајова, каде во малото место Мајнден предизвикало големи штети. 

Во пет американски сојузни држави во петокот  биле регистрирани најмалку 60 торнада  и жестоки бури, јави Си-Ен-Ен. Според метеоролозите, невремето може да продолжи до недела, поради што за повеќе од 50 милиони жители е издадено предупредување. 

Покрај бурата и силниот дожд се очекуваат и врнежи од град.

Експертите сметаат дека зачестеноста на природни катастрофи во САД –  бури, поплави и шумски пожари – е последица и на промената на климата.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми