1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

„Сериозна грешка“ - Бајден повторно ја предупреди Русија

СН/агенции
26 октомври 2022

Последното во редот предупредувања на претседателот на САД ја одразува засилената загриженост во Вашингтон и кај западните сојузници дека Русија можеби бара изговор за употреба на тактичко атомско оружје во Украина.

Претседателот на САД, Џо Бајден со ново предупредување до Москва
Претседателот на САД, Џо Бајден со ново предупредување до МоскваФотографија: Anna Moneymaker/Getty Images

Американскиот претседател, Џо Бајден, повторно предупреди дека руската употреба на нуклеарно оружје би била „исклучително сериозна грешка“, по настојчивите обвинувања на Москва оти Украина се подготвува да употреби „валкана бомба“, кои беа отфрлени од западните земји и од Украина.

„Русија би направила исклучително сериозна грешка ако употреби тактичко нуклеарно оружје“, рече Бајден, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали Русија се подготвува да употреби „валкана бомба“

Радиолошката или „валкана бомба“ се состои од ковенционален експлозив опкружен со радиоактивни материјали кои се шират во моментот на експлозија.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, во неделата имаше телефонски разговори со министрите за одбрана на Турција, Франција, Велика Британија и на САД.

„Валканата бомба“ не е атомска бомбаФотографија: dpa/picture alliance

Шојгу на колегите им пренесе загриженост „поради можна провокација од Украина“ и „можна украинска употреба на „валкана бомба“ на своја почва за Русија да биде обвинета за тој напад“.

Украина и западните земји тоа го гледаат како руска закана за која сметаат оти поради тој изговор би можела да искористи „валкана бомба“. Така Русија би ја оправдала натамошната воена напнатост со употреба на тактики за одмазда со нуклеарно оружје, оценија министрите.

„Засега не можам да гарантирам дали е тоа (руска) тактика за 'изговор'. Не знаеме“, додаде Бајден. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми