1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСеверна Кореја

Северна Кореја го осуди нуклеарниот договор меѓу Јужна Кореа

СН/дв | агенции
18 ноември 2025

Пјонгјанг соопшти дека договорот меѓу Јужна Кореја и САД за изградба на подморници на нуклеарен погон навестува „понестабилна регионална безбедносна ситуација“.

Подморница на пристаниште со два брода од левата страна
Американска нуклеарна подморница закотвена во Бусан, Јужна КорејаФотографија: Gang Duck-chul/Yonhap/AP

Северна Кореја во вторникот соопшти дека договорот меѓу Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави за изградба на подморници на атомски погон ќе предизвика „нуклеарен домино“ ефект.

Минатата недела, јужнокорејскиот претседател Ли Џае Мјунг објави договор за безбедност и трговија со Вашингтон, вклучувајќи предлози за продолжување на развојот на пловила на нуклеарен погон.

Сеул соопшти дека добил „поддршка за проширување на овластувањата за збогатување ураниум и преработка на потрошено гориво“.

Каков е одговорот на Северна Кореја на договорот за нуклеарни подморници?

Во своите први коментари како одговор на договорот, Пјонгјанг нагласи дека договорот за подморници е „опасен обид за конфронтација“.

Договорот е „сериозен развој на настаните кој ја дестабилизира воената безбедносна ситуација во Азиско-пацифичкиот регион надвор од Корејскиот Полуостров и предизвикува ситуација на невозможна нуклеарна контрола во глобалната сфера“, објави државната новинска агенција КЦНА.

„Документите од заедничкиот договор, објавени за првпат од промените на режимите во САД и во Јужна Кореја, укажуваат на тоа дека сојузот САД-Јужна Кореја ќе остане конфронтирачки кон нас... и дека сојузот САД-Јужна Кореја ќе еволуира во поопасна состојба, најавувајќи понестабилна регионална безбедносна ситуација“, се вели понатаму во соопштението.

Поседувањето нуклеарни подморници од страна на Сеул „неизбежно ќе предизвика 'нуклеарен домино ефект' во регионот и ќе поттикне жестока трка во вооружување“, додаде владата, наведувајќи дека тоа сега значи дека Северна Кореја ќе преземе пооправдани и пореални контрамерки“.

„Маслиново гранче“ од Јужна Кореја

Реакцијата на Северна Кореја во вторникот доаѓа еден ден откако Сеул предложи воени разговори со Пјонгјанг за спречување судири на границата, што е прва таква понуда во последните седум години.

Откако стана претседател во јуни оваа година, Ли, исто така, понуди да одржи пошироки дискусии со Северот без предуслови, што е остар пресврт од воинствениот став преземен од неговиот претходник, Јун Сук Јеол, кој беше отповикан во април 2025 година по неуспешниот обид за прогласување воена состојба во декември 2024 година.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми