1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСеверна Кореја

Северна Кореја повторно истрела балистички ракети

СН/агенции
28 октомври 2022

Тестот се случи само четири дена откако беа испукани предупредувачки истрели меѓу Северна и Јужна Кореја. Според резолуциите на ОН, на режимот во Пјонгјанг, меѓутоа, му е забрането да тестира балистички ракети.

Од крајот на септември, Северна Кореја изврши натпросечен број ракетни тестови
Од крајот на септември, Северна Кореја изврши натпросечен број ракетни тестовиФотографија: KIM HONG-JI/REUTERS

Северна Кореа испали две балистички ракети од краток дострел од својот источен брег, соопштија денеска претставници на војската на Јужна Кореја.

Ракетите се испукани од областа Тонгчеон во провинцијата Гангвон, на источниот брег на Северна Кореа, 4 дена откако Пјонгјанг и Сеул разменија оган на предупредување од западниот брег среде растечките тензии.

„Нашата армија е во целосна подготвеност“, се наведува во соопштението на војската на Јужна Кореја, со констатација дека е интензивирана соработката со САД во областа на безбедноста.

Пјонгјанг претходно соопшти оти неодамна лансираните ракети претставуваат протест против заедничките воени маневри на САД и на Јужна Кореја,  кои ги обвинија дека вежбаат инвазија на Северна Кореја.

Сеул и Вашингтон ги демантираа тврдењата на Северна Кореја додавајќи оти вежбите се дефанзивни и дека се потребни за спротиставување на заканите од Северот.

Јужнокорејските трупи минатата недела започнаа воени вежби заедно со војската на САД со цел да ја зголемат способноста на одговор од нуклеарни и ракетни закани од Северна Кореја.

Од почетокот на годината Северна Кореја испали над дваестина балистички проектили, вклучувајќи го и оној кој прелета над Јапонија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми