1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСеверна Кореја

Северна Кореја: Тестирана интерконтинентална ракета

ЖА
18 декември 2023

Ситуацијата на Корејскиот полуостров останува напната, Пјонгјанг пак провоцира со воен тест. Северна Кореја истрела балистичка ракета со долг дострел при втор ракетен тест за неколку часа, според Јужна Кореја и Јапонија.

Нов ракетен тест на Северна Кореја
Нов ракетен тест на Северна КорејаФотографија: Ahn Young-joon/AP Photo/picture alliance

Јапонското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека станува збор за интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) со дострел од повеќе од 15.000 километри. Ракетата теоретски би можела да ја погоди целата територија на САД. Американскиот Стејт департмент претходно изрече остри критики за обновените ракетни тестови.

Министерството за одбрана во Токио даде дополнителни детали: Ракетата поминала растојание од околу 1.000 километри и паднала во Јапонското Море, познато и како Источно Море, по лет од 73 минути. Јужнокорејскиот Генералштаб соопшти дека „сомнителната балистичка ракета  со долг дострел“ била истрелана од поширокото подрачје на Пјонгјанг кон Источното Море.

Според јужнокорејски и јапонски информации, Северна Кореја веќе истрелала балистичка ракета со краток дострел во неделата вечерта (по локално време). Јужнокорејската армија тогаш соопшти дека го зголемила статусот на готовност.

На самопрогласената нуклеарна сила Северна Кореја со резолуции на Советот за безбедност на ОН ѝ е забрането да тестира балистички ракети. Во зависност од дизајнот, таквите ракети можат да бидат опремени и со нуклеарна боева глава.

Советот за безбедност на ОН донесе бројни резолуции со кои Северна Кореја се повикува да ги прекине своите  нуклеарни и ракетни програми.  Минатата година севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја прогласи својата меѓународно изолирана земја за „неповратна нуклеарна сила“ и повика на зголемено производство на оружје, вклучително и тактичко нуклеарно оружје. Северна Кореја го изврши својот прв нуклеарен тест во 2006 година.

САД и нивните партнерски земји Јужна Кореја, Јапонија и Австралија неодамна воведоа нови санкции кон Северна Кореја поради лансирањето на  извидувачки сателит во ноември.  Тие го обвинуваат Пјонгјанг дека притоа користи технологии поврзани со неговата програма за развој на интерконтинентални балистички ракети.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми