1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Македонија во „мртва трка“ со корупцијата

ДТЗ
31 јануари 2023

Македонија е на 85. место на Индексот за перцепција на корупцијата. Недостигот на интегритет во судството и неефикасното водење на тековните случаи против корупција се посочуваат како главни причини.

корупција
Македонија е на 85. место од 180 светски држави според најновиот Индекс за перцепција на корупцијатаФотографија: picture-alliance/dpa

Северна Македонија е на 85. место од 180 држави според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата,којшто секоја година го објавува Транспаренси Интернешнел. Со 40 поени, на скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, земјата напредувала две места во споредба со ланскиот извештај. И покрај малиот напредок, Македонија и понатаму е во друштво на Суринам, Индија и Тунис. Од земјите од Западен Балкан, подобро рангирани од Македонија се Црна Гора и Косово. 

Недостиг на интегритет 

Недостигот на интегритет при избор на клучни фигури во судството и неефикасното водење на тековните случаи против корупција се посочуваат како главни причини за недоволната борба со корупцијата. 

„За да се обезбеди одговорност и да покаже вистинска волја за борба против корупцијата, владата мора соодветно да обезбеди ресурси и да овозможи независност на Комисијата за спречување на корупцијата (ДКСК) и на институциите одговорни за истрага на корупцијата и организираниот криминал“, се наведува во извештајот во делот за Македонија.

Лани земјата имаше 39 индексни поени и беше на 87. место. Најлошо рангирање беше забележано во 2021 година, кога земјата се најде на 111. место на листата за перцепција на корупцијата со 35 индексни поени. 

Северна Македонија изминатиов период се најде под засилени критики и повици да ја зајакне борбата против корупцијата и да спроведе реформи во судството, што ќе резултира со поголем број судски постапки против случаи на висока корупција. 

Данска како пример 

Како најмалку корумпирана држава, на прво место е Данска, по што следат Финска и Нов Зеланд. Германија е на деветто место. Во однос на другите земји од регионот, полош резултат од Македонија имаат Албанија и Србија (101), додека пред Македонија се наоѓаат Косово (84), Бугарија (72), Црна Гора (65), Хрватска (57), Грција (51) и Словенија (41). 

Овогодишните податоци посочуваат дека мнозинството земји во светот не успеваат да ја сопрат корупцијата. Повеќе од две третини од државите имаат Индекс помал од 50 поени. Во споредба со 2012 година, дури 155 држави немале никаков значаен напредок во справувањето со корупцијата или пак назадувале. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми