1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ши Џинпинг гради влијание во Централна Азија

ЕМФ | АРД
19 мај 2023

Кинескиот претседател Ши Џинпинг испрати покани до пет земји од Централна Азија за самит во Шиан, Кина. Се разговара пред сѐ за економска политика. Набљудувачите гледаат и јасен сигнал во насока на Западот и Москва.

Самит Кина-Централна Азија во Шиан
Самит Кина-Централна Азија во ШианФотографија: Florence Lo/REUTERS

Кина сака да соработува поблиску со централноазиските држави Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан. За таа цел, претседателот Ши Џинпинг претстави план за развој на петте поранешни советски републики на самитот Кина-Централна Азија во Шиан, Кина.

Кина е подготвена да ги обедини развојните стратегии со петте држави и да продолжи со заедничките напори за модернизација, рече Ши во својот говор на состанокот. Ова вклучува изградба на инфраструктурни мрежи, поблиска соработка во енергетскиот и индустрискиот сектор и зајакнување на трговијата. Истовремено, Кина е подготвена да обезбеди поддршка за безбедносни прашања. Шефовите на државите на петте централноазиски земји ѝ ветија на Кина своја поддршка и поблиска соработка.

„На светот му треба хармонична Централна Азија“

„На светот му треба стабилна, просперитетна, хармонична и добро поврзана Централна Азија“, рече Ши. Според кинескиот претседател, проектот има за цел да ја однесе Централна Азија на следното ниво на развој. Во исто време, Кина и петте централноазиски земји треба да ја продлабочат меѓусебната стратешка доверба и да понудат една на друга „јасна и силна поддршка“ за прашања од клучен интерес како што се суверенитетот, независноста и долгорочниот развој. Државите, според Ши, треба да се спротивстават на „надворешното мешање“ во внатрешните работи и обидите за поттикнување револуции. Треба да има и нулта толеранција кон тероризмот, сепаратизмот и екстремизмот. Кина е подготвена да помогне во подобрувањето на спроведувањето на законот, безбедноста и градењето на одбранбените способности. Ши не ја спомна руската војна против Украина.

Кина сака да соработува поблиску со централноазиските држави Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан (фото: Шин Џинпинг, претседател на Кина)Фотографија: Florence Lo/REUTERS

Самитот треба да се одржува редовно

Дводневниот самит во историскиот град Шиан, кој се наоѓа на патот на свилата, од кинеските државни медиуми е оценет како триумф на кинеската регионална дипломатија, меѓу другото и во поглед на инфраструктурната програма „Новиот пат на свилата“. Средбата треба да послужи и за потесно оврзување на поранешните советски републики во Централна Азија со Кина, додека фокусот на Русија во моментов е на војната во Украина.

Трговската размена меѓу Кина и Централна Азија минатата година достигна рекордни 70 милијарди долари, а Казахстан е водечки со 31 милијарда долари. Сепак, некои набљудувачи средбата ја гледаат и како контранастан натековниот самит на Г7 во Хирошима, Јапонија. Покрај Русија и војната во Украина, таму клучно прашање се очекува да биде и Кина. Следниот самит Кина-Централна Азија е планиран за 2025 година во Казахстан.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми