1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина Франц Бекенбауер

БГ /дпа
8 јануари 2024

Франц Бекенбауер, кој се сметаше за најголема германска фудбалска легенда, почина на возраст од 78 години, соопшти неговото семејство.

Франц Бекенбауер
Франц БекенбауерФотографија: picture alliance/dpa/I. Fassbender

Познат и како „Кајзер“, Бекенбауер го освои Светското првенство во фудбал како играч и како тренер за Германија, а потоа ја донесе и организацијата на Мундијалот во својата земја во 2006 година.

„Со голема жал ве информираме дека мојот сопруг и нашиот татко Франц Бекенбауер почина мирно вчера, во неделата, опкружен со своето семејство“, соопшти семејството. „Ве молиме да жалите во тишина и да не поставувате прашања“.

Бекенбауер му се придружи на Бајерн Минхен од рана возраст и брзо стана клучен играч во славниот клуб. Во кариерата четири пати ја освои Бундеслигата, три европски шампионски титули и Интерконтиненталниот куп. 

Бекенбауер со европскиот пехар освоен со Бајерн Минхен во 1974 годинаФотографија: picture-alliance/ dpa

Пленеше со својата елеганција и леснотија во играта на теренот, и ја редефинираше улогата на одбранбените фудбалери. Врвот го достигна со освојувањето на светската титула со репрезентацијата на Германија во 1974 година. Во 1990 година ја освои светската титула и како селектор на германската фудбалска репрезентација. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми