1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сиљановска - Давкова: Решенија за ЕУ без историја и јазик

10 декември 2025

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова предлага излезни решенија за ЕУ и Бугарија и бара историјата, културата и јазикот да се исклучат од критериумите за преговори.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на одбележувањето на Свети Климент Охридски 7.12.2025
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова говори за излезни решенија за ЕУ и спорот со Бугарија.Фотографија: Presidential Office North Macedonia

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека е можно да се најдат излезни решенија за проблемот со Бугарија и евроинтеграцијата, но нагласи дека одлуката не зависи од Македонија.

„Од наша призма можно е да се смени заклучокот, но не ја носиме ние одлуката. Точно е дека разговаравме за излезни решенија. Можеби некој не го гледа тоа, но мислам дека има промена во реториката на највисоките претставници на ЕУ. Не се работи само за еден преседан, туку за приказна што ќе се повторува ако не се најде решение. Затоа предлагав некои излезни решенија“, рече Сиљановска.

Бугарските барања и уставните измени

Таа додаде дека барањата од Бугарија за промена на Уставот како услов за деблокада на преговорите се проблематични. „Ако правата на бугарското малцинство навистина беа нарушени, прва би поддржала мерка за подобрување. Но, одговорно тврдам дека имаме една од најдобрите уставни гаранции за правата на малцинствата“, истакна претседателката.

Во однос на францускиот предлог, Сиљановска забележа дека не е соодветно да се користи терминот „француски“, бидејќи Франција не ја ратификувала Рамковната конвенција за малцински права.

„Мора да ги тргнеме историјата, културата и јазикот од критериумите. Малцинските права се дел од Копенхагенските критериуми, но ние имаме високи стандарди вградени во Уставот“, додаде таа.

Сиљановска упати критика и кон источниот сосед: „Ако не гарантирате имплементација на пресудите на Судот за човекови права, а се повикувате на заштита на човековите права, тогаш имате проблем“.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани неодамна изјави дека по локалните избори, заедно со европските партнери, се работи на воспоставување дијалог и враќање на довербата меѓу Скопје и Софија. Целта е надминување на спорот и деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми