1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сиљановска: Не го прекршив Преспанскиот договор

ДТЗ
28 мај 2024

По враќањето од Рим, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пред новинарите објасни зошто на венецот што го положи на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, не стоеше и името на државата.

Гордана Сиљановска Давкова
Сиљановска: Не го прекршив, ниту покренав постапка за поништување на Преспанскиот договорФотографија: Ognen Teofilovski/REUTERS

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова е децидна дека со постапките изминатиот период не го прекршила Преспанскиот договор. „Ниту одбив да ја потпишам изјавата, ниту ја искинав, ниту реков дека ќе покренувам постапка за поништување на Преспанскиот договор. Јас само усно си го искористив сократовски правото за слободно изразување на мислата, така како што го прават и многу други претседатели, вклучувајќи го и претседателот на САД, кои употребуваат скратени изрази. Инаку би требало да се автоцензурирам“, порача денеска новоизбраната претседателка. 

По бурата реакции изминатиот период, коишто предизвикаа турбуленции и во Грција, Сиљановска Давкова пред новинарите објасни зошто на  венецот што го положи на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, не стоеше и името на државата. На венецот само пишуваше „Претседател Гордана Сиљановска – Давкова“. 

Зошто на венецот што го положи на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методија, не стоеше и името на државата. Фотографија: Kabinett des Präsidenten von Nord-Mazedonien

„Најдобро решение“

Таа смета дека во тој момент ова било најдоброто решение.  

„Зошто не беше напишано? Како прво, лентите не се големи. Рззговаравме во кабинетот, имавме различни мислења, на пример јас мислев дека може „РС Македонија“. Немаше простор, па на крајот рековме дека јас сум на чело на делегацијата и тоа да биде некое решение. Знам дека може да има забелешки, ги разбирам - логични се, бидејќи Македонија ја претставувавме таму. Но, по мојот говор во Собранието и избегнувањето на говорницата на официјалното име и определувањето за името Македонија како слобода на изразување на мислата, се одлучивмне за ова решение. Не мислам дека тоа е којзнае каков проблем, ниту е негирање на државата. Се знаеше која е делегацијата и кои сме ние. Нам ни се чинеше дека тоа е најдобро решение во тој момент“, вели Сиљановска Давкова. 

Таа вели дека не смета оти изјава може да ги врати чекор наназад односите. „Тие се такви такви какви што се, а може да се добри кога ние навистина сме исчекориле во евроинтеграцијата“, рече претседателката во однос на реакциите во Грција.

Таа оцени дека ситуацијата во која се наоѓаме денеска не е „вин-вин“.  „Ако некој мисли тоа што сме членка на НАТО се решени проблемите, не мислам дека е така. Добро е што сме членка, но не е чекор напред да се биде пред промена на Уставот, за да почнете да преговарате“, додаде претседателката.
 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми