1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаСоединети Американски Држави

Силна зимска бура на североистокот на САД

ЕМФ | Тагесшау
23 февруари 2026

Делови од САД се соочуваат со нова силна зимска бура. Во неколку сојузни држави летовите се откажани, а училиштата остануваат затворени. Улиците во Њујорк се затворени за сообраќај.

САД Њујорк 2026 | Луѓе во Бруклин за време на снежна бура
Луѓе во Бруклин се снабдуваат со намирници додека трае предупредувањето за голема снежна бура Фотографија: Spencer Platt/Getty Images/AFP

Голема зимска бура со снег и студ се приближува кон североистокот на САД. Засегнати се околу 40 милиони американски граѓани во густо населените области долж источниот брег - од Вирџинија на југ до Мејн на север. Меѓу нив се и метрополите Њујорк, Вашингтон, Филаделфија и Бостон. Во некои региони може да паднат повеќе од 50 сантиметри нов снег.

Њујорк, 22 февруари 2026Фотографија: David Dee Delgado/Getty Images/AFP

Седум сојузни држави прогласија вонредна состојба. Голем број летови веќе се откажани, училиштата и јавните установи остануваат затворени. Во Њу Џерси, на пример, е издадена предупредување за снежна бура. Гувернерката Мики Шерил ги повика граѓаните да се снабдат со резерви и да не излегуваат на улица за време на бурата.

Чистење на снег во главниот град на САД, ВашингтонФотографија: Andrew Leyden/ZUMA/IMAGO

И во соседната држава Њујорк, градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, предупреди од големи снежни врнежи. Ова е првата снежна бура од 2016 година, рече Мамдани. Милионскиот град мобилизира дополнителни екипи и механизација за чистење. Градоначалникот најави и дека до понеделник напладне по локално време, улиците, автопатиштата и мостовите во градското подрачје ќе бидат затворени за сообраќај. Забраната за возење важи за автомобили, камиони, мопеди и електрични велосипеди.

Девојка позира на Бруклинскиот мост во Њујорк за време на зимската бураФотографија: Jeenah Moon/REUTERS

Рекорди на студ и најголеми снежни врнежи

Зимската бура на почетокот на февруари донесе снег, оркански ветрови, поплави и опасен студ на југоистокот на САД. Во сојузната држава Северна Каролина локално наврнаа количества снег кои се меѓу највисоките откако се врши мерење. Во Флорида, метеоролозите пријавија нови рекорди на студ за месец февруари: температурите на места паднаа значително под нулата. Такви вредности таму последен пат биле измерени кон крајот на 1980-тите, соопшти метеоролошката служба.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми