1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаГлобално

Колку сиромашни навистина се сиромашните?

Инза Вреде
4 ноември 2023

Стапката на екстремна сиромаштија во светот е намалена од 1990 година наваму. Но, дали навистина е така? Колку се издржани податоците на Светска банка? И што значи да се биде сиромашен?

Речиси 12 милиони луѓе во Ангола се очекува да заработуваат помалку од 2,15 долари дневно во 2023 година. Многумина бегаат во Бразил за да ја избегнат сиромаштијата дома.
Речиси 12 милиони луѓе во Ангола се очекува да заработуваат помалку од 2,15 долари дневно во 2023 година. Многумина бегаат во Бразил за да ја избегнат сиромаштијата дома.Фотографија: Fabio Teixeira/Anadolu Agency/picture alliance

Леб, десет јајца или мастики за џвакање - за околу две евра во Германија нема што многу да се купи. По правило едно возење во јавниот превоз чини и повеќе од две евра, исто како и на пример пакување тампони. А, токму две евра, односно 2,15 американски долари се границата која дефинира кој е екстремно сиромашен - а, кој не е. Оние луѓе кои дневно имаат помалку средства на располагање од ова, се според дефиницијата на Светска банка екстремно сиромашни.

Откако Светска банка започна во 90тите да прибира податоци за сиромаштијата во делови од светот, бројот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија е значително намален. Во 1990 година според наводите на оваа институција околу две милијарди луѓе живееле во екстремна сиромаштија, а во 2019 гпдина биле 648 милиони. Пандемијата на коронавирусот во 2020 година резултираше во влошување на ситуацијата. Глобално бројот на екстремно сиромашни лица е пораснат за околу 70 милиони.

Во меѓувреме ситуацијата повторно е подобрена. Во 2023 година регистрирани се околу 690 милиони екстремно сиромашни, тоа е од прилика на нивото кое владееше пред пандемијата, тврди Светска банка.  Значи потребни беа три години за да се достигне слично ниво кое владееше пред коронавирусот, или со други зборови светот изгуби три години во борбата против сиромаштијата.

Успеси во Индија и Кина

Степенот на сиромаштија во светот навистина е паднат од 1990 година, но не во сите региони, вели Себастијан Фолмер од универзитетот во Гетинген. Падот на сиромаштијата во светот во добар дел може да се пришише на Кина и Индија, вели тој. „Кина е земја со голем број жители, тој факт има неверојатно големо влијание на податоците на Светска банка за ситомаштијата", вели професор Фолмер.

Сиромаштија има и во Германија: Бездомник со собрани шишиња за депозит во ДизелдорфФотографија: Michael Gstettenbauer/IMAGO

„Кинезите направија голем напредок”, додава и Рајнер Тиле од Институтот за свњтска економија во Кил. Од 1990 до 2015 година Кина успеа да го намали степенот на екстремна сиромаштија од 60 на 6 одсто, вели Тиле. Тој напоменува дека и во други азиски земји се забележани големи успеси во борбата против екстремната сиромаштија.

Ситуацијата е содем поинаква во Африка. Таму меѓу 1990 и 2019 година степенот на екстремна сиромаштија падна од 50 на 23 одсто, вели Тиле. “Но, заради растот на бројот на жители денес во Африка кога ги гледаме апсолутните бројки всушност имаме повеќе сиромашни отколку во 1990", вели Тиле. Посебно е лоша ситуацијата во бројните земји јужно од Сахара, вели овој стручњак.

Колку се прецизни податоците?

Но, постојат и одредени сомнежи по прашањето на квалитетот на податоците за степенот на сиромаштија. Светска банка посочи дека актуелните бројки треба да се третираат со доза на внимателност, со оглед на тоа дека бројни земји во текот на пандемијата не се ни приклучиле на податоците.

Светска банка податоците ги прима од различни заводи за статистика, кои ги водат и потоа ги праќаат на банката.

Како се собираат податоците?

Со помош на репрезентативниот статистички примерок се спроведува анкета меѓу одреден број домаќинства, луѓето се прашуваат колку се високи нивните примања, односно колку трошат, па врз основа на тие собрани податоци се проценува степенот на сиромаштија.

Што се однесува на самиот метод, пристапот е сосем во ред, смета Тиле. „Светска банка по тоа прашање разви добри стандарди. Но, друго прашање е како тие стандарди се спроведуваат во пракса во самите земји", вели тој. А, тоа особено важи за земјите во кои поредокот е фрагилен, земјите во кои владите немаат многу капацитети за таква работа.

Демонстранти во Најроби во март 2023 година: Со месеци има протести против високите трошоци за живот во КенијаФотографија: John Muchucha/REUTERS

Не се екстремно, но сепак се сиромашни…

Успесите во борбата против екстремната сиромаштија и натаму се релативизирааѕ затоа што во Индија и Кина многу луѓе ја прескокнале границата ма сиромаштијата од 2,15 долари на ден, “но тие секако од напа гледан точка и натаму се сиромашни”, нагласува Тиле.

Многу луѓе во меѓувреме дневно на располагање имаат можеби три или четири долари, но тоа и натаму е живот во ситомаштија, вели тој. Кога би се земала некоја поголема сума пари која е потребна за живот, а кој не би бил дефиниран како живот во сиромаштија, тогаш и успесите во Кина не би изгледале така спектакуларни, смета Тиле.

Критики постојат и по прашањето на дефиницијата на екстремна сиромаштија. Фолмер тврди дека некои региони во Кина во меѓувреме се толку развиени што во нив 2,15 долари на ден не би бил доволен за преживување.

А, дури и кога тој износ би бил доволен овде не се работи за голо преживување, напоменува Фолмер. Границата за сиромаштија на Светската банка од 2,15 долари направена е под претпоставка дека на едно лице дневно му се потребни 2.100 калории, вели тој. „А, тоа е толку проблематично. Луѓето не можат да живеат само со толку калори", вели Фолмер.

Во таквото сознание се вклопуваат и лошите вести на ООН според кои во светот расте бројот на луѓе кои гладуваат. Околу 753 милиони лица, односно речиси една десеттина од актуелното население во светот, во 2022 година на располагање имало премалку храна, стои во извештајот на ООН. На тие луѓе им недостигаат и калории и важни хранливи состојки.

Неухрането дете во Етиопија - 60 милиони луѓе во Етиопија, Џибути, Кенија, Сомалија, Јужен Судан, Судан и Уганда не секогаш знаат каде ќе го добијат следниот оброк, рече Доминик Ферети од тимот за итни случаи на Светската програма за храна на ОН во Најроби во летото 2023 година.Фотографија: Eudardo Soteras/AFP/Getty Images

Одржлив развој како реалистична цел?

„Стапката на сиромаштија ќе продолжи да се намалува”, смета Тиле, „ако не се појави некоја нова пандемија”. Но, таа стапка побавно ќе се намалува, додава тој. „Елиминирање на сиромаштијата до 2030 година на нула, нема да може да се оствари”, уверен е истражувачот од Кил.

Една од причините заради кои тоа е така, е фактот дека во фрагилни држави од светот многу тешко може да се преземат мерки со кои би се овозможило жителите да достигнат поголема стапка на благосостојба. "Луѓе кои живеат на пример во региони во кои има граѓански војни нема да може да излезат од сиромаштијата само благодарение на растот на економијата”, нагласува Тиле.

„Ако продолжат досегашните трендови, до 2030 година според проценките седум проценти од светското население, односно околу 575 милиони луѓе, ќе живеат во екстремна сиромаштија”, стои во актуелниот извештај на ООН. Најголемиот дел луѓе живеат во Африка, во земјите јужно од Сахара. „Прогнозата би значела дека стапката на сиромаштија до тогаш ќе падне само за околу 30 проценти”, стои во Извештајот.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми