1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаНорвешка

Скандал „Епстин“: Шефот на ВЕФ поднесе оставка

ЕМФ | агенции
26 февруари 2026

Норвешкиот дипломат Борге Бренде поднесе оставка на претседателската функција во Светскиот економски форум (ВЕФ) по завршената истрага за неговите контакти со американскиот сексуален престапник Џефри Епстин.

Швајцарија Давос 2024 | Претседателот на Светскиот економски форум, Борге Бренде
Борге Бренде беше претседател на Светскиот економски форум од 2017 годинаФотографија: Lian Yi/Xinhua/picture alliance

Претседателот на Светскиот економски форум (ВЕФ), Борге Бренде, поднесе оставка поради скандалот околу починатиот американски сексуален престапник Џефри Епстин. Поранешниот норвешки министер за надворешни работи денеска (26.02) соопшти дека одлучил да се повлече од функцијата:

„По внимателна проценка решив да се повлечам од функцијата претседател на Светскиот економски форум“, се наведува во неговата изјава.

Бренде, кој стана претседател на ВЕФ во 2017 година, го образложи својот чекор со тоа што Форумот требало да ја продолжи својата работа без одвлекување на вниманието.

Во посебно соопштение, ко-претседателите на Одборот на фондацијата, Андре Хофман и Лари Финк, велат дека ја прифаќаат одлуката на Бренде. Тие му се заблагодарија за неговото водство за време на важна реформска фаза и за успешно организираниот годишен собир во Давос.

За вршител на должноста претседател е назначен сегашниот управен директор на ВЕФ, Алојз Цвинги.

Истрага против  Бренде поради Епстин

Оставката на Бренде доаѓа по независна истрага на екстерни адвокати за контактите на Бренде со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Таа сега е завршена и, како што се вели, не открила никакви дополнителни сомневања надвор од она што е веќе познато. Според објава на американското Министерство за правда, Норвежанецот имал три деловни ручеци со Епстин и со американскиот милионер комуницирал и преку е-пошта и СМС-пораки.

Бренде потекнува од Норвешка, каде што долго време беше пратеник на конзервативната партија, како и министер за животна средина, трговија и надворешни работи. Од 2017 година тој е претседател на ВЕФ, кој секоја година во јануари го организира познатиот собир во Давос, Швајцарија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми