1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За преживување на месецот и 1.000 евра се малку

ДТЗ
22 јули 2024

Јули е поскап од јуни. Ако на едно семејство во јуни му биле потребни 60.325 денари за да ги помират најосновните потреби, во текот на јули и 60.570 денари им биле малку.

храна
Скапотијата ги изеде платите - за преживување и 1.000 евра се малкуФотографија: picture-alliance/imageBROKER

Граѓаните секој месец се потешко ги подмируваат основните трошоци за живот. И во текот на јули, минималните трошоци на едно семејство пораснале во однос на претходниот месец за 245 денари. Ако во јуни, според пресметките на Сојузот на синдикатите, на едно семејство му биле потребни 60.325 денари за да ги помират најосновните потреби, во текот на јули не им биле доволни ниту 60.570 денари. 

Уште потешко им е на оние коишто немаат сопствен покрив над главата. Според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, семејствата коишто живеат во изнајмен стан од 60 кавадрати, треба да имаат минимум 75.945 денари месечно за да преживеат. 

Најмногу пари за храна 

Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека за режиски трошоци биле потребни 6.014 денари.

Вредноста на минималната синдикална кошница расте секој месец. Само од јануари до летово, вредноста на минималната синдикална кошница е зголемена за 3.162 денари односно за 5,5 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 41.085 денари и е за 13,7 отсто повисока отколку во истиот месец од минатата година. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми