1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Школа за диџејки

02:25

This browser does not support the video element.

Арбнора Мемети
28 октомври 2023

Мажите доминираат во сферата на „диџејството“ - таму ги има двапати повеќе од жените. Така е и на македонската артистичка сцена. Мажи има повеќе и на бината и зад неа, мнозинството букери, менаџери, сопственици на дискотеки, кафулиња - се мажи. Во обид тоа да го промени, здружението „Тиииит! Инк.“ организира школа за диџејки. #dw_BalkanBooster


Драгана Гунин, театарска режисерка, е една од жение кои ја посетуваат школата за диџејки во Скопје. Таа вели: „По професија сум театарска режисерка и многу би сакала на моја претстава да пуштам музика.”  
 
Драгана за првпат се наоѓа зад пултот. Диџеј девојките од електро-музичката сцена кои таа ги следи  ѝ се инспирација за да чекори кон светот на „диџејството“. Прв предизвик – да ги совлада неопходните вештини за тоа:
 
„Сакав да се запознаам повеќе со начинот, како се пушта музиката, со опремата исто така, за тоа што навидум изгледа лесно, но не е лесно. Сега се уверив дека воопшто не е лесно, напротив бара доста, бара многу фокус, дисциплина и внимание.”  
 
Драгана е една од десетте учеснички на едномесечната неформална школа за диџејки  
„Жени зад пултот”, организирана во рамки на феминистичкиот фестивал „ПРВО ПА ЖЕНСКО“. 
 
Фестивалот е чедо на здружението  „Тиииит! Инк.

Драгана Гунин (д.) зад пултот во школата за диџејкиФотографија: Arbnora Memeti/DW

Јана Коцевска, извршна директорка на „Тиииит! Инк.“, за мотивите за организирање на школата вели: „Некако нѐ заинтригира тоа зошто постои оваа диспропорција во застапеноста (мажи/жени). Сметаме дека поради јазот во економските прилики жените и девојките немаат ист пристап до знаење, до опрема, до услови како тие би пробале да ги развијат своите вештини во овие машки доминантни сфери.”  
 
Според податоците на меѓународната мрежа „The female:pressure“, само 27% од артистките и диџејките на фестивали се жени. Родовата неизбалансираност на културниот и уметничкиот свет во Северна Македонија не отстапува од светските трендови. Непознавањето на можностите и непристапноста до скапата опрема, честопати се причини за многу девојки да се откажат од својот диџејски сон. 
 
Драгана Гунин има порака:

„Мислам дека сите девојки би требало самите да си ја искреират својата можност да тргнат по тој пат доколку навистина сакаат. Едноставно, треба да покажеш дека си заинтересирана за таа идеја која постои во тебе, таа желба и треба да преземеш одредени чекори. Така да, ‘Girls, you do you!’“ 
 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми